дома блог страница 1032

„ПОГЛЕД, КОН НЕДОГЛЕД“, самостојна изложба на yметникот од Прилеп Марјан Стојаноски во Тирана

Со изложбата на слики „Поглед, кон недоглед“ академскиот уметник Марјан Стојаноски од Прилеп, ќе се претстави во КИЦ на Македонија во Тирана, Албанија. Изложбата ќе биде отворена на 11 -ти септември 2023 /понеделник/ во 20.00 часот.

Стојаноски изложува 16 дела – слики, за кои Викторија Димеска, историчар на уметности вели дека се создадени со виорен и енергичен јазик и се асоцијативно-апстрактни композиции.

-Академскиот уметник Марјан Стојаноски понесува со моќна експресивност. Комбинирајќи цртачки и сликарски техники, тој создава слоевита, комплексна и динамична содржина богата со контрастна изведба на линиите и боените површини. Слободна имагинативна изразност вирее од ракошниот семиотички јазик применет за креирање на асоцијативните апстракции. Од севкупната хипнотизирачка комплексност на метафоричните синтагми провејува чувство на леснотија и безгрижност, вовлекувајќи го погледот во бескрајна длабочина на фантазијата – вели Викторија Димеска, историчар на уметност.

Стојаноски, минатата година имаше изложба во КИЦ во Софија, Бугарија, со скулптури од различен формат. Изложбата „Panta rhei“ со ротирачки скулптури, изработени во метал и елементи од дрво, предизвика голем интерес во бугарската јавност.

Марјан Стојаноски завршува ФЛУ во Скопје, во класата на професорот Ибрахим Беди.Член е на ДЛУП и Друштвото на ликовни уметници на Македонија ДЛУМ. Во два наврати е претседател на ДЛУП, каде што во 2015 година како член ја добива наградата за скулптура „Јордан Грабул”.

Има реализирано голем број на изложби, како самостојни, така и групни изложби.

Фото: Каролина Мицевска

(Фото галерија) Битолчани за златен медал! На толку нелуѓе, среќа што се’ уште имаме и такви со срце и душа!

Треба човек да е бездушник да направи нешто вакво. Среќа што имам пријатели и колеги со СРЦЕ И СО ДУША – напиша на ФБ битолчанецот Борче Стојановски, кој заедно со негови пријатели извадија од каналот на река “Драгор” две мали кученца кои некој несовесен ги фрлил.

Во продолжение фотографиите преземени од неговиот ФБ профил:

Секоја чест дечки!

За Денот на незавиноста бесплатен влез и разгледување на поставките во музеите во Прилеп

НУ Завод и Музеј – Прилеп ги известува граѓаните, дека по повод одбележувањето на државниот празник „8ми Септември – Денот на независноста“, сите поставки на НУ Завод и Музеј-Прилеп ќе бидат отворени со слободен влез за посета од 09:00 часот, бесплатно.

· Археолошкатa поставка

· Етнолошката поставка

· Галеријата на икони

· Роднокрајното музичко творештво

· Музејот за тутун

·Меморијалниот Музеј 11 ти Октомври 1941 г., Участак

Проверете дали добивте субвенции за нов велосипед: Општина Прилеп ги објави листите!

Врз основа на предлогот на Комисијата за спроведување на постапка за субвенционирање /надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2023 година, а во согласност со Јавниот повик од 2023 година, „Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање / надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди“ со број 09-595/31 од 15.03.2021 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.3/2021) и Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција/надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2023 година Број 09-1911/2 од 31.05.2023 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.7 од 31.05.2023 година),  Општина Прилеп објавува Финална листа на баратели кои ги исполниле, односно не ги исполниле критериумите субвенционирање / надоместување на дел од трошоците за купување на велосипед за 2023 година.

Од вкупно пристигнатите 396 барања, 387 баратели ги исполниле критериумите, додека 9 баратели не ги исполниле критериумите за надомест на дел од трошоците за купување велосипеди за 2023 година.

Листа на баратели кои ги исполниле условите – преземи

Листа на баратели кои НЕ ги исполниле условите – преземи

Средствата што Општина Прилеп ги субвенционираше беа во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000 денари. За оваа намена општината издвои финансиски средства од својот Буџет во висина од 2.000.000 денари, а субвенционирањето се одвиваше по принципот – „прв дојден, прв услужен “ и траеше до исцрпување на предвидените финансиски средства наменети за оваа општинска мерка или до завршувањето на рокот за поднесување како што беше случај оваа година.

Училиште во Турција го доби името “Македонија” – како знак на благодарност за помошта дадена за справување со последиците од земјотресот (ФОТО)

Во знак на благодарност за помошта и солидарноста по катастрофалниот земјотрес во Турција, училиште во турскиот град Малатја доби име “Македонија”, а 32-те училници ќе ги носат имињата на македонските градови.

Интересно е тоа што училиштето го носи само името МАКЕДОНИЈА, без “северна”.

Секоја чест!

(Видео) Не се ајкули, но повредиле десетици туристи: Предупредување во познатото туристичко место

Туристите во познатото шпанско одморалиште Бенидорм се предупредени дека би можеле да бидат изложени на напади од риби, бидејќи Средоземното Море достигна невообичаено висока температура.

Британски Дејли Мејл наведува дека повеќе од 15 луѓе секој ден бараат помош откако биле каснати од малите сиви риби, кои Шпанците ги нарекуваат облада, а на Јадранот се познати како ушата.

Климатолошката лабораторија на Универзитетот во Аликанте соопшти дека температурата на морето во областа сега е од 29 до 30 степени Целзиусови.

До сите мajки и татковци, баби и дедовци од Прилеп: Во петок донесете ги вашите најмали на Могила и за 100ден. пружете им незаборавна забава (ВИДЕО)

Дел од средствата собрани од овај концерт ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Карти во претпродажба по цена од 100 денари можете да ги набавите во Голд кафе точила и на нашиот штанд на плоштад.За повеќе информации на официјалната фб страна

Од 8. до 10. септември во Прилеп, во организација на фудбалската школа “Евро Гол”, ќе се одржи турнирот “Евро Гол – Македонија Куп”, кој на едно место ќе собере екипи од целата држава. На турнирот ќе настапат млади фудбалски екипи од цела Македонија од генерациите 2011, 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016год – дечки кои ќе ги покажат своите фудбалски вештини, ќе се забавуваат и ќе се дружат.

Покрај спортскиот карактер, турнирот ќе има и свој забавен дел, а гости ќе бидат другарчињата од “СТАРО МAАЛО”, или суперпопуларните деца од “Дајте музика”, кои на Могилата на непобедените ќе ги испејат своите најголеми хитови.

Концертот е закажан на Денот на независноста – 8. Септември со почеток од 20:00ч, а картите за овој музички настан се по цена од само 100денари.

Дел од средствата собрани од овој концерт ќе бидат наменети за хуманитарни цели, па затоа мајки и татковци, баби и дедовци…. донесете ги вашите најмали и пружете им незаборавна забава која ќе ја паметат. Дојдете забавувајте се, бидете хумани и поддржете го овој спортски настан, кој секако придонесува за здрав и правилен развој на младите генерации.

Картите се веќе во продажба и истите можат да се набават во “Голд Кафе” во населбата “Точила” и од штандот кој е поставен на градскиот плоштад “Методија Андонов-Ченто”.

(Видео) Градоначалникот им викаше на возачите: “Каде одите?! Ви кажавме дека реките ќе се излеат”

Регионот Магнезија во Грција изминативе неколку часа e во центарот на невремето „Даниел“, а првите проблеми се забележани во Волос, во селата на полуостровот Пелион и на периферијата на Тесалија.

Во Волос сообраќајот на обиколницата е запрен, додека возилата се заглавени на висината на Пантесаликос. Противпожарните екипи се обидуваат да ги ослободат возачите. Проблеми има и во болницата во Волос.

Хаотичната ситуација можеби најдобро ја опишува видеото на градоначалникот на Волос, кој излезе од градското собрание и ги праша возачите заглавени во поплавените улици „каде одат“.

ФОТО ВЕСТ: Проданоски на самит во Будва

Претседателот на Советот на општина Прилеп, Дејан Проданоски објави фотографија на која се гледа дека присуствува на самит во хотел “Медитеран” во Будва. Според фотографијата се работи за самит во рамките на мрежата Силни градови (Strong Cities Network), oдносно во рамки на регионалниот центар на оваа организација за Западен Балкан.

Јовчески: “Успешен фестивал на пивото, задоволни посетители, многу испијано пиво и изедена скара”

Изминатиот викенд во Прилеп се одржа фестивалот на скарата и пивото, кој оваа година беше насловен како PRILEP BEER WEEKEND. Градоначалникот Борче Јовчески вели дека фестивалот бил успешен.

-Можеби со многу скептицизам и неверување, но, сепак Прилеп, заедно со организаторите покажаа и докажаа дека знаат да приредат добра програма, одлична забава, секогаш вкусна скара и многу ладно пиво.А, сите гости и посетители со својата позитивна енергија, одговорија дека ваков Фестивал во Прилеп секогаш е добредојден и посакуван па макар и на крајот од летниот период.Фактите говорат дека трите дена од 1-3 септември, Фестивалот помина во најдобар ред без никакви инциденти, задоволни учесници, задоволни посетители, многу испијано пиво и изедена скара. Во името на Општина Прилеп изразувам огромна благодарност до сите што учествуваа, до сите кои што го посетија и до сите што помогнаа и придонесоа Прилеп да биде епицентар на одличната забава – напиша Јовчески на Фејсбук.