дома блог страница 1031

Уште една лага на СДСМ падна против Мицкоски, обвинителството констатираше – нема докази за делчевски ниви

Основното јавно обвинителство донесе одлука за запирање на истрагата за делчевски ниви, притоа констатирајќи дека нема докази за овој предмет, и со тоа во вода падна уште една лага на СДСМ против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

По анализата на кривичната пријава, исказите на сведоците, исказите на осомничените како и сите обезбедени материјални докази во текот на истражната постапка, се констатира дека од конкретната истражна постапка не произлегоа ниту материјали, ниту вербални докази кои би потврдиле основано сомнение дека делата кои им се ставаат на товар на осомничените се кривични дела за кои се гони по службена должност, односно произлезе дека пријавените не превзеле дејствија кои ги сочинуваат битијата на пријавените кривични дела, стои во констатацијата на обвинителството.

Обвинувањата во медиумите беа дека парите од нивите во Делчево допираат до ВМРО-ДПМНЕ, но после донесената констатација и наредбата за запирање на истражната постапка за конкретниот предмет, станува јасно целта била намерно оцрнување на најголемата опозициска партија и на нивниоот лидер.

Паднаа во вода и шпекулаците дека истрагата е до детаљ завршена, целата комуникација е фатена и се се знае и дека за тоа точно се знае кој и како и со кој и каква улога имал во предметот ,,Делчевски ниви”.

Од крајниот епилог во целата ситуација и по одлуката на ОЈО, јавноста може да заклучи дека целта била намерна, а тоа е да се оцрни најголемата опозициона партија и нејзиниот лидер.

Маџари мора да падне во Прилеп: Утре во 7 сите во “Добре” – Мега Баскет атакува на нова победа!

Прилепската кошаркарска екипа на Мега Баскет утре, во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски” го пречекува КК Маџари, во рамки на третото коло од Втората лига.

И двете екипи после првите две кола имаат идентичен скор – по една победа и еден пораз. Домаќините минатата недела несреќно загубија на гостувањето кај Соколи 1933, натпревар во кој прилепчани беа во егал во последните 2 минути, кога домаќините погодија тројка, а Мега Баскет во следниот напад го промаши својот шут за враќање во егал. На крајот натпреварот заврши со 7 разлика за екипата од Штип.

Инаку, Мега Баскет и Маџари своето ривалство го влечат уште од мината сезона, па во натпреварот влегуваат мотивирани и желни за бодови.

Секако потребна е целосна поддршка од публиката за запишување на нови 2 бода на табелата. Почетокот на натпреварот е од 19:00ч.

Немаат страв ниту од најсветото: Штипјанец ограбил две цркви во Македонски Брод

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод, денеска (19.10) во близина на с.Суводол, Македонски Брод го лишиле од слобода Т. Б.(53) од Штип, поради основи на сомнение дека извршил тешки кражби во црквата Св.Димитрија во с.Требино и црквата Св.Пречиста во с.Русјаци, Македонски Брод.

За Т.Б. била распишана и централна потерница од КПУ-Затвор Струмица за доиздржување на затворска казна за извршени тешки кражби.

Тој во целост ги признал кривичните дела и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а спроведен е во КПУ Затвор Струмица.

Уапсени четворица могилчани, извршиле повеќе тешки кражби

На 19.10.2023 во с.Могила, битолско, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Б.Б.(50), Г.П.(40), Т.И.(48) и Р.О.(34), сите од с.Могила, поради сомнение дека извршиле шест кривични дела „тешка кражба“.

При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби извршени во земјоделски комбинат во с.Радобор, општина Могила.

Пронајденото било вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во Полициската станица Битола. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Sport Life“ обложувалници редовно ги поддржуваат спортскките и хуманитарните настани

„Sport Life“ обложувалниците, заедно со „Sportlife Gaming“ автомат клубовите во изминатите месеци, остварија повеќе донации и спонзорства, како дел од стратегијата за општествена одговорност на компанијата.

„Активно учествуваме во поддршката на спортот и развојот на општеството, особено на иницијативите од локален карактер и хуманитарните акции, бидејќи афирмацијата на спортот е потребна на сите нивоа.“

Ќе споменеме дел од нив:

– Ракометен клуб „Партизан“ – Гевгелија, спонзорство за набавка на спортска опрема за сезона 2023/2024,

– Ракометен клуб „Охрид“ донација за потреби за сезона 2023/2024,

– Меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов-Сокол“ – повеќегодишна соработка и поддршка на турнирот,

– Хуманитарен турнир во кошарка „Мирослав Статиев Миро“ 3х3 во општината Ѓорче Петров,

– турнир во табла во Галичник.

Од проектите со хуманитарен карактер, оваа година реализирана е донација за потребите на Здружението за хумано-општествен развој „Проект среќа“ за настанот „Шарено лето 2023 – Запознај ја Македонија“ преку кој децата од социјално ранливите категории и децата без родители од целата држава имаа можност за прв пат да отидат на летен одмор и да ги посетат убавите туристички места во Македонија.

Исто така, остварена е соработка со општините Кочани и Македонски Брод, преку донација за поддршка на традиционалните манифестации – „Оризијада “ во Кочани и
„Костенијада“ во Македонски Брод.

„Ова се само дел од проектите. Стратегијата за корпоративна и општествена одговорност, ни овозможува, како компанија да креираме и поддржуваме и подолгорочни проекти од општествен и хуманитарен карактер, на кои им се посветуваме и со кои традиционално соработуваме.“

ССМ: Апелираме да се намалат функционеските плати за 78% со употреба на европско знаме и без консултации

Сојузот на синдикатите на Македонија апелираме до Владата да не бара изговори и да не го одложува намалувањето на функционерските плати за 78 отсто.

– Апелираме до Владата, да не бара изговори за процесот со намалување на функционерските плати, туку да го примени веќе воспоставениот принцип како кога носи закони на штета на работниците и со злоупотреба на европското знаменце, без широки консултации, без дијалог и без да се грижат за одлуките на Уставниот суд како што тоа го направија за воведување на 72 часовната работна недела или пак сега кога сакаат да ја тргнат минималната плата од Законот за административни службеници и да достави до Парламентот предлог на Законот со кој ќе ги намалат функционерските плати за 78%, се посочува во апелот од ССМ.

Според синдикатот, не е потребно многу време за да се направи измената на законот. ССМ веќе доставил предлог до пратениците кои, како што наведуваат, молчат три месеци, а истото решение го предлагаат и на Владата. Предлогот предвидува во Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, да се смени член 11 и да гласи: „Основица за пресметување на платата започнувајќи со исплатата на платата за месец септември 2023 година е минималната плата објавена во Службен весник за претходната година објавена од страна на Министерството за труд и социјална политика“.

– Укажуваме дека работниците живеат од плата без право на храна и превоз, а добро е што конечно функционерите како Министерот за надворешни работи разбраа дека треба да се живее од плата, но нивните плати се колку 6 минимални плати, а имаат право на службени возила, обезбедување, ручеци, трошоци и други бенифиции, се вели во апелот од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Судската администрација од утре нема да ги работи ниту итните предмети доколку Владата не седне на преговори

Судската администрација од утре нема да ги работи ниту итните предмети доколку Владата уште денеска не седне на преговарачка маса со синдикатот кој бара зголемување на платите и враќање на додатоците за плата.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски денеска во изјава за медиумите рече дека штрајкот нема да престане, а доколку работната група од Владата не седне на преговори, ќе стане поригорозен.

– Владата треба да биде свесна дека доколку работната група и после овој протест не седне на маса да преговара, ќе се парализира целото правосудство. Секое понатамошно прологирање и избегнување на решение ќе предизвика дополнителен гнев кај штрајкувачите, а за последиците од тој гнев нема да биде одговорен Синдикатот на УПОЗ, рече Дејаноски.

Она што е спорно за Синдикатот на УПОЗ е и тоа што Владата инсистира минималната плата да биде избришана како основен елемент од нивните плати.

– Тоа значи само едно. Кога во март идната година ќе порасне минималната плата, ниту еден од овие вработени нема да добие усогласување со минималната плата. Проекцијата е дека минималната плата ќе порасне за 3.000 до 4.000 денари, што ќе направи уште еден хаос во управата, во обвинителствата и во судовите, рече Дејаноски.

За решавање на барањата на судската администрација, Владата пред околу еден месец формираше работна група.

Тешка сообрќајка на ул. “Охридска” во Битола: Моторциклист се судрил со малолетен велосипедист – и двајцата завршија со повреди

На 18.10.2023 во 14.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Охридска“ во Битола се случила собраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од М.М.(42) од Битола и велосипед кој го управувал малолетник од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а М.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Македонската Опера и балет гостува во Прилеп

На 20.10.2023 /петок/ од 19.30 ч. во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ гостува  НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ. Солистите ќе го одржат концертот ПОДАРОК ЗА ГРАДОТ ПРИЛЕП

СОЛИСТИ:

  • Нада Талевска – сопран
  • Катерина Стојановска – сопран
  • Павлина Новакова – Георгиева – сопран
  • Соња Пендовска – Мадевска – мецосопран

ПИЈАНО :Андреј Наунов

П Р О Г Р А М А

  1. П.Маскањи – „Ave Maria“
    Исполнува: Катерина Стојановска
  2. Л.Делиб – Дует на Лакме и Малика од операта „Лакме“
    Исполнуваат: Нада Талевска и Соња Пендовска – Мадевска
  3. Џ.Пучини – Арија на Мими “Si, mi chiamano Mimi” од операта „Боеми“
    Исполнува: Катерина Стојановска
  4. Џ.Пучини – Арија на Тоска „,,Vissi d’arte” од операта „Тоска“
    Исполнува: Павлина Новакова – Георгиева
  5. Ж.Бизе – Арија на Кармен „Хабанера“ од операта „Кармен“
    Исполнува: Соња Пендовска – Мадевска
  6. Џ.Пучини – Арија на Мизета „ Quando m’en vo’“ од операта „Боеми“
    Исполнува: Наде Талевска
  7. Џ.Верди – Арија на Леонора ,,Pace,pace ,mio dio!” од операта „Моќта на судбината“
    Исполнува: Павлина Новакова – Георгиева
  8. Џ.Росини – Арија на Берта од операта „Севилскиот бербер“
    Исполнува: Соња Пендовска – Мадевска
  9. В.Ди Киара – „La Spagnola“
    Исполнува: Катерина Стојановка

10. Џ.Верди – Арија на Елена “Mercè dilette amiche” од операта „Сицилијански вечери“
Исполнува: Наде Талевска

Ристески со порака до студентите (ВИДЕО)

Членот на Извршниот комитет на УМС ВМРО-ДПМНЕ, Илија Ристески, со порака до студентите: