дома блог страница 1030

Денеска се празнува paѓањето на Св. Јован Крстител – Иванден: Честит именден Ивана, Иван, Јане, Јана…

Денеска е Раѓање на св. Јован Крстител – Иванден.

Именден празнуваат: Иван, Ивана, Иванка, Јанко, Јане, Јана…

На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја.

Тој, заедно со пресветата Дева која ни го роди Бога е врската на стариот и новиот свет, врската на Стариот и Новиот завет.

Инаку, денес се празнува почетокот на благовеста за Христос, со што се определува и посебната врска меѓу Синот Божји и последниот пророк на Стариот завет.

За тоа зборуваат стиховите од тропарот, кои гласат: се разреши немоста на татковците, т.е. почна непосредната проповед за Христовото доаѓање.

Бугарски свештеник го анатемиса Зеленски (ВИДЕО)

На социјалните мрежи денеска беше објавено видео на кое се гледа како полицијата задржува бугарски свештеник кој фрли анатема на украинскиот претседател Володимир Зеленски кој денеска беше во официјална посета на Софија.

– Анатема на Зеленски, на сите фашисти и на домашните предавници, вели бугарскиот свештеник.

ЛИНК од видеото

МВР спие дури се спрема чај од липа? (ФОТО)

Секоја година иста приказна. Несовесни граѓани во Прилеп и летово ги уништуваат липите низ градот. Не постои човек кој нема да ја разбере борбата со сиромаштијата и тешкиот живот, но едно е тоа, а друго е да се кршат гранки и да се уништуваат децениски дрвја.

Само што процутеа и ги раширија своите големи зелени крошни, како по обичај овие дрва се уништуваат заради цветот кој го “берат”, ако ова може да се нарече берење, дел од нашите сограѓани.

Овие дрва кои ги има на многу локации низ Прилеп, секоe лето се уништуваат до последно, а нивните крошни го губат целиот раскош.

Сликата е иста во сите паркови и низ градските булевари. Апел до граѓаните кои го собираат плодот на овие дрва, да го прават тоа на начин на кој доликува и да не им ја одземаат ладовината на останатите своите сограѓани. Ваквата слика е срамна и дава неубав изглед на целиот град.

Најново: Најубавиот македонски локум со вековна традиција, сега го добивате и по карго…еве линк за нарачка!

Ако барате совршен рецепт за вкусен локум, веднаш ќе ви кажеме дека нема да најдете. Мајсторите рецептот го чуваат во најсторга тајност и го пренесуваат од генерација на генерација.

Затоа не мачете се залудно и за ова вкусно задоволство чија традиција е вековна, обратете се кај луѓето на кои правењето локум им е традиција и идентитет.

Ќе погодите од прва, ве водиме во Крушево во можеби најстарата слаткарница “Тагас-Балкан”, која неодамна прослави еден век постоење.

Локумот на Тагас ги има прошетано сите светски континенти. Од него се сладеле луѓе од сите краишта од планената, уживале дипломати, пробал и секој еден кој го посетил прекрасното Крушево, и сите, буквално сите, биле воодушевени од сладкиот и единствен вкус.

Крушевските мајстори сега го промовираа и нивниот најнов производ, локум со кокос и лешник, кој сега е достапен во Тагас-Балкан SWEET GIFT SHOP, а можете да го добиете и по порачка по карго до секое место во Македонија.

Да не ги заборавиме, тука е и традиционалниот локум со и без ореви, и секако целувките. Нарачајте на ФБ страната, или на телефонскиот број: 071 692 154.

УЖИВАЈТЕ!

Бектеши им вети на ЕВН дека никој нема да ги гибне додека го поправаат дефектот во Слупчане

ЕВН денеска информираше дека дефектот во Слупчане ќе се санира за скоро време, по добиените гаранции од страна на министерот за економија Крешник Бектеши, кој заедно со градоначалникот на Липково се договорил со жителите да не ги спречуваат екипите на електродистрибуција да работат и да започнат со проектот за реконструкција на мрежа и поставување нови мерни системи кои ќе овозможат точно мерење на електрична енергија.

Претходно, како што информираше ЕВН, во вчерашните доцни часови, лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле голем енергетски објект во припадност на електродистрибуција во обид сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото, при што ги оставија жителите на соседните села, Оризаре, Ваксинце и Лојане без електрична енергија.

Од компанијата кажаа дека ќе го санираат дефектот кога ќе има гаранции да се влезе во селото.

Слаба им е математиката, aма ајде: Македонците пиеле по 3,9 литри алкохол годишно по лице

two men clinking glasses of whiskey drink alcohol beverage together at counter in the pub

Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) објави листа на земји според годишната потрошувачка на чист алкохол по лице.

two men clinking glasses of whiskey drink alcohol beverage together at counter in the pub

Според анализираните податоци од 2019 година, Куковите Острови се на прво место со просечна потрошувачка на чист алкохол од 12,97 литри. На второ место е Летонија (12,90 литри), потоа Чешка (12,73), Литванија (11,93), Австрија (11,90), Антигва и Барбуда (11,88) и Естонија (11,65).

Словенија е на 10 место (10,72 литри), Хрватска на 25 (9,64), Србија на 55 (7,45), Босна и Херцеговина на 80 (5,56), а Македонија на 97 место со 3,90 литри годишно по лице.

“Не дај Боже да ви дојде војната, што ќе правите тогаш ако никој не ви помогне?” – му порача Зеленски на Радев, кој го одби за муниција

Бугарскиот претседател Румен Радев му кажа на својот украински колега Володимир Зеленски кој е во посета на Софија дека во првите часови ја осудил руската агресија во Украина.

„Сакам да ја изразам нашата солидарност со народот на Украина и со жртвите на оваа сурова војна, која сè уште беснее во моментот. Во првите месеци Бугарија им подаде рака на илјадници граѓани на Украина, а многу од нив продолжуваат да бидат под заштита на бугарската држава.“ рече шефот на бугарската држава.

Тој ја истакна и декларацијата за воена поддршка од Бугарија за Украина, потпишана денеска.

„Оваа декларација е важен чекор во развојот на нашите односи, но јас не прифаќам предавање на муниција, особено од резервите на бугарската армија. Јас како претседател, како и вие, имам заложба дека одбранбените капацитети на Бугарија не треба да се намалуваат, бидејќи безбедносното опкружување е алармантно и во нашиот регион, за сите нас е уште посериозно што конфликтот се шири и добива нови димензии“, истакна и Радев и додаде дека непријателствата стануваат се пожестоки, а се повеќе луѓе умираат, вклучително и Бугари од заедницата во Украина.

„Овој конфликт нема воено решение и се повеќе оружје тешко води до ова мирно решение, кое не се постигнува. Во овој поглед, важно е да се обрне внимание на конзистентните напори за деескалација и барање мирни решенија. со дипломатски средства, многу се надевам дека побрзо ќе видиме мирно решение, се надевам дека тоа ќе се случи во светло на длабоките културни врски меѓу нашите народи“, истакна Ремен Радев, пренесе бнр.бг.

Тој ја отвори иницијативата на претседателот Зеленски за „Формула за мир“, која е во 10 точки.

Украинскиот претседател, пак, уште еднаш се заблагодари за поканата да ја посети Бугарија и за поддршката што Бугарија им ја дава на илјадниците украински бегалци, кои побараа поддршка и засолниште во Бугарија.

„Ова не е конфликт, туку војна, војна за уништување на Украина, да се убиваат Украинци, а не други земји и фала му на Бога“, истакна тој.

„Ако ова е конфликт, тогаш земјата нема да ја остават милиони луѓе. Ние мора да ги поставиме точките, инаку некој друг ќе ги постави. Ние го имаме ова право бидејќи војната е на наша територија, така што знаеме дека ова е војна, а не конфликт“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Господинот претседател рече дека не поддржува да ни се даде муниција за да не ослабне вашата армија или да не го поддржувате зајакнувањето на Украина. Вашата армија, што и да имате, нема да биде доволна да се борите ако Русија дојде овде … Ваше право е да не поддржувате помош за Украина. Добро е да им давате на луѓето за да се бранат да не ви дојде војната. Не дај Боже да стане трагедија и да ви дојде војната, што ќе правите тогаш ако никој не ви помогне?“, го праша Румен Радев.

Володимир Зеленски изрази уверување дека неговата земја ќе стане членка на ЕУ:

„Украина и Европа имаат заеднички вредности. Русија сака да ги уништи НАТО, ЕУ, Европа. Ова се нивните цели. Дали разбирате? Ова не е конфликт, Господине претседателе! Путин не води само војна против нас, Русија сака да не уништи, а ние само сакаме да живееме“.

Паднаа пресуди, но и запросување во судницата: Mу определија 4 години затвор, па ја побара својата девојка за жена

Четвртообвинетиот во случајот „Софтвери“, Даниел Станчев, среде судница ја побара својата девојка за жена, откако му пресудија 4-годишна затворска казна. Неговата девојка се согласи да му биде жена.

Емотивна беше атмосферата во судница, имаше солзи и плачење, пишува Пресс24.

За потсетување, денеска паднаа пресуди за случајот Софтвери. Првообвинетиот Драги Рашковски е осуден на единствена казна затвор од осум години. Второобвинетиот Ивица Димитровски доби пет години казна затвор. На Игор Христов му е одредена казна од пет години и шест месеци. Четвртообвинетиот Даниел Станчев е осуден на 4 години. Ирена Ивановска доби три години и шест месеци, а хонорарците Игор Ивановски и Маја Силјановска добија три години затвор. Казните ги изрече судечкиот совет, чиј претседател е судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.

Луѓе за секоја пофалба: На грб однесоа шпорети на дрва, а сега и вреќи со цемент и ги обновија скалите пред домот “Toме Темелкоски”

Во текот на денешниот ден, членови на ПСД “МОМАТА” заедно однесоа вреќи со цименто до Планинарскиот дом “Томе Темелкоски” на Селечка планина и ги санираа скалите пред Планинарскиот дом со нов слој цемент.

Ова е уште една работна акција на планинарите од ова здружение, кои неодамна заедно со членови од здружението “Прилепски планинарски авантуристи”, успеаја да искачат два шпорети на дрва, поставија соларен рефлектор и ја бојадисаа дограмата на домот.

Луѓето се за пофалба и заслужуваат поддршка како од надлежните, така и од сите вљубеници во природата кои сакаат ова култно планинарско збиралиште да продолжи да живее.

Кога се сака, се може се’: Планинарски здруженија од Прилеп денеска качија два шпорети, и го обновуваа планинарскиот дом “Томе Темелкоски” (Фото галерија)

Еве кога ќе се знае дали ќе се продолжи летниот распуст за учениците

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири најави дека за десет дена МОН ќе излезе со став дали ќе има поместување на почетокот на учебната година од стандардниот термин 1 септември. Најави дека наредната недела пред Комисијата за човечки ресурси ќе ги претстави трите предлози за почеток и завршување на учебната година.

-Ќе бидат вклучени униите на средношколците, но исто така и синдикатите за мислењата да ги слушнат членовите на Комисијата. Мислам дека во рок од десет дена ќе имаме конечен став кој од предлозите ќе биде прифатен, изјави Шаќири одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Форумот за реорганизација на училишната мрежа.

Првиот предлог до МОН е учебната година да почне како и досега – на 1 септември, вториот е да почне на 11 септември, без пролетен распуст, и да трае до средината на јуни, третиот предлог е да почне на 1 септември, да има пролетен распуст од пет дена и учебната година да заврши во средината на јуни.

Во врска со реакции во јавноста и кај наставници дека во новата наставна програма по предметот Македонски јазик за шесто одделение е изоставена темата за историјата на македонскиот јазик односно дека таа ќе се изучува во погорните одделенија, Шаќири одговори дека до неговиот кабинет не е стигната реакција.

-Но, од овој момент штом има проблем, јас ќе ги повикам. Но на истиот состанок ќе треба да бидат присутни и претставници од Бирото за развој на образование, како институција која ја има предложено програмата за тој предмет, рече министерот Шаќири.