дома блог страница 1026

Важно известување: Од овие селски чешми во околината на Прилеп, водата не е исправна за употреба

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерното место локален водоснабдителен систем Ореовец – јавна чешма сред село – водоводна мрежа, л.в.с. Плетвар – јавна чешма – водоводна мрежа, Плетвар – крајпатна чешма Че – водоводна мрежа, л.в.с. Беловодица – двор – водоводна мрежа и с.Лениште – јавна чешма сред село – водоводна мрежа не одговара за употреба.

Прилеп ја доби најевтината и најдобрата автошкола – Искористете ја можноста сега!

Со историја која датира од 1972 година, Авто Мото Друштво Прилепец е најстарата авто школа во Прилеп. Тие се пионери во областа на стручно оспособување на возачи во нашата општина и таа традиција продолжува и денес.

Но, за разлика од пред 50 години, денеска Авто школа Прилепец располага со супер модерни автомобили за оспособување на возачи за сите категории (АМ, А2, А1, А, Б, Ц, ЦЕ, Д).

Со оглед дека модерниот начин на живеење налага управување со автомобил, а вработувањето во компаниите, особено за младите, е често врзано со поседување возачка дозвола, тогаш порано или подоцна во животот, обуката за возачка дозвола е повеќе од неопходна.

Покрај обуки за возачки дозволи, во АМД “Прилепец” ќе добиете најповолни услови за регистрација и технички преглед на вашето возило. На едно место ќе добиете услуги за зелен картон, осигурување, меѓународна возачка дозвола, атест, сервис на вашето возило, а кога ќе затреба и шлеп услуги.

Посетете го тимот од АМД Прилепец на ул. “Моша Пијаде” бр. 230, или контактирајте со нив на еден од телефонските броеви: 073/444-100, 070/316-281 и 073/444-200 и искористете ја можноста за плаќање и до 12 рати.

Не чекајте повеќе! Искористете ја оваа единствена можност!

(Фото галерија) Маркукуле во пламен – се уништува културното наследство, се чека акција од МВР

Попладнево голем пожар изби на локалитетот Маркови Кули над Прилеп. Горат нискостеблести дрвца и трева, а пожарот за брзо време се прошири на поголем простор.

На овој дел од Марковите Кули често деновиве се забележува густ чад, а прилепчани велат дека несовесни сограѓани палат кабли и гума. Претпоставка е дека и овој пожар се има проширено од таквите дејствија.

Дали конечно МВР ќе се активира целосно во овој регион и ќе стави крај на ваквото безгрижно уништување на комплексот Маркови Кули и ќе спречи прилепчани и натаму да дишат отров?

А замислете бараме Марковите Кули да се стават под заштита на УНЕСКО….

Скандал ја тресе Италија: Погба “падна” на допинг контрола

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба падна на допинг контролата по натпреварот со Удинезе во Серија А. Во крвта му била пронајдена недозволена супстанца, јавуваат италијанските медиуми.

На францускиот фудбалер му е откриено тестостерон во крвта, што е недозволено светот на спортот. Оваа супстанца не се толерира дури и ако се користи за терапевтски цели.

Погба има шанса да се жали на одлуката и да направи нов тест на крвта. Казната за овој прекршок може да биде четиригодишна суспензија од фудбалот.

Нови снимки од ужасот во Мароко: Моментот кога силниот земјотрес прекина венчавка

Се појавија снимки кои го покажуваат моментот кога силниот земјотрес го прекина музичкиот настап на свадба во Мароко. На видеото се гледа како пејачката и другите музичари ја напуштаат сцената и трчаат низ вратата на церемонијата во Маракеш, јавува Би-Би-Си.

Повеќе од 300.000 луѓе во Маракеш и неговите предградија беа погодени од силен земјотрес во Мароко, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Се вели дека OCHA „внимателно ја следи ситуацијата и е подготвена да обезбеди поддршка“.

Последните информации покажуваат дека бројот на загинати во земјотресот во Мароко се искачи на 2.122 лица, соопштија вчера вооружените сили на земјата. Повредени се најмалку 2421 лице. Имаше предупредувања дека бројот на загинати може да продолжи да расте бидејќи спасувачите стигнаа до оддалечените рурални области.

РК Прилеп донесе 22-годишен пикер од Хрватска

Хрватскиот пикер, Томислав Квастек е најновото засилување на Р.К Прилеп.

22-годишниот пикер зад себе има неколку успешни ангажмани во хрватски прволигашки клубови, а почетокот на кариерата му е во Нексе.

Во Прилеп ни доаѓа од унгарскиот клуб Будаи Фаркасок.

Полнете резервоари: Од полноќ ново значително поскапување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми цените на горивата во просек за 2,19%.

Цените на „еуросупер-95“ и „еуросупер-98“ се зголемуваат за по 1 денар. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 88 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 90,50 денари.

Според одлуката на РКЕ дизелот ќе поскапи за 2,50 денари и еден литар ќе чини 83,50 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава по цена од 83 денари за литар.

И на 63 години Брена е Брена: Елегантна и полна со енергија, на нозе крена илјадници присутни синоќа во Кавадарци (Фото/Видео)

Со голем број музички ѕвезди, карневали, изложба на олд тајмери, илјадници посетители, многу испиено вино и во одлична атмосфера и расположение, помина традиционалниот “Тиквешки Гроздобер” во Кавадарци.

Имаше за секого по нешто, од најмало до најголемо. Едноставно, невозможно е да се напише во еден текст што се’ се случуваше викендов во градот од Тиквешијата.

Ако не успеавте да присуствувате во живо, целата програма ден по ден најубаво можете да ја проследите на официјалната ФЕЈСБУК СТРАНА.

Секако шлаг на тортата синоќа беше настапот на безвременската балканска ѕвезда, Лепа Брена, која иако во октомври полни 63 години, докажа дека се’ уште зрачи со неверојатна енергија и успеа илјадниците присутни да ги крене на нозе.

Елегантна како и секогаш, Брена ги испеја сите нејзини најголеми хитови, а публиката уживаше од прва до последна минута.

Целата атмосфера во Кавадарци синоќа проследете ја во продолжение:

Казнети близу 100 возачи на територијата на СВР Битола во еден ден: Возеле над дозволеното, а дел без возачка дозвола и пијани

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (10.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 96 возачи, меѓу кои 51 мерки за возење повеќе од дозволената брзина , 19 мерки за возење без возачка дозвола, 15 возачи за управување под дејство на алкохол.

Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење, четири санкции за непрописно престигнување….

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, посочуваат од СВР Битола и апелираат до граѓаните на почитување на сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Столе го запозна својот идол (ВИДЕО)

На Столе Димитриевски му се оствари желбата да се сретне и да добие автограм од иконата на италијанскиот фудбал, Џиџи Буфон. Столе беше вистински хит во пресрет на натпреварот, кога во хотел пристигна со дрес од голманската икона.

На средбата Столе му рече: “TИ си мој идол”, а Џиџи топло го прегрна.