дома блог страница 1025

“Курир” објави видео од денешното пукање во “Ист Гејт”: Се појави од нигде никаде и им пукаше во грб

Курир ексклузивно дојде во видеото од денешното пукање во Ист гејт мол.

На видеото се гледа како двајцата сега веќе повредени излегуваат од теретана и се упатуваат кон најблискиот излез и скали.

Од зад грб приоѓа лицето кое на себе има и слушалки и црна капа, по што пука кон нив и бега.

Инаку по денешното пукање во „Ист гејт мол“, едно лице е во критична состојба, а друго е пренесено на Клиниката за торакална хирургија. Информацијата за МИА ја потврди директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков.

– Двајца пациенти се примени во болницата, станува збор за две машки лица. Едниот пациент е задржан кај нас, веднаш е однесен во операциона сала поради сериозноста на повредите. Во моментов се изведува оперативен зафат кај овој пациент. Во тешка состојба е и врз него се врши оперативен зафат поради повреди во стомакот и во градната шуплина. Другиот е препратен на Клиниката за торакална хирургија. И кај едниот и кај другиот пациент се работи за прострелни рани, појасни Арсенков.

Министерството за внатрешни работи потврди дека имало пукање во овој скопски трговски центар, екипи на МВР се на терен и работат на расчистување на случајот.

Видеото погледнете го ТУКА

Ангеловски нов шеф на стручниот штаб во Еурофарм Пелистер, прв асистент ќе му биде прилепчанецот Соколески

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека досегашниот тим менаџер на екипата г-дин Звонко Шундовски од морални причини се повлекува од клупата на нашиот клуб. Управата на клубот одлучи да го разреши од прв тренер на екипата и г-дин Александар Јовиќ.

Во наредните натпревари до донесување на конечна одлука околу изборот на тренер, екипата ќе ја води г-дин Бранко Ангеловски. Во оваа прилика РК Еурофарм Пелистер упатува огромна благодарност до г-дин Звонко Шундовски и г-дин Александар Јовиќ за целиот нивен досегашен допринос за клубот. Под водство на Јовиќ и Шундовски нашиот клуб ја освои титулата во сезоната 2022/23 – информираат од битолскиот клуб.

Според нашите информации, прв асистент на Ангеловски ќе му биде прилепчанецот Ице Соколески.

Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина се имињата на четирите бебиња, родителите од Штип ги чекале 5 години

Благослов од Бога и неизмерно сме среќни, вели Александар Зиков, татко на штипската четворка која се роди пред два дена во Скопје. Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина се во добра здравствена состојба и се во инкубатор. Александар и Благица ги чекале речиси пет години.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека во текот на денот ќе се слушне со таткото на штипската четворка, со цел како да им се помогне.

-Со радост ја примив веста и информацијата. Еднократно парично ќе помогнеме како општина, но и дополнително ќе ја искористам приликата во текот на денот да искомуницирам со членовите на семејството, за одблизу се информираме и осознааеме за економскиот статус и потребата од дополнителна поддршка во рамки на нашите надлежности. Секој поддршка е добредојдена во овој момент и ова се убави вести кои заслужуваат поддршка не само од институциите, туку од сите добронамерници, вели Јорданов.

Урнебесно! Што работите во Влада? (ВИДЕО)

Кога ќе прашаш политичар што работите вие во Владата таму…

via Zezalicca

(ФОТО) Разбиена криминална група во Битола: Уапсени 11 лица, пронајдена дрога, оружје, голема сума на пари

На 24.10.2023 во периодот од 05:50 часот до 13:30 часот на подрачјето на Битола криминалистичката полиција на СВР Битола изврши 11 претреси на домови и други простории заради сомнение за сторено кривично дело по чл. 215 и чл.396 од КЗ, при што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, дробилка, прашкаста материја, предмети со траги од прашкаста материја, два пиштола, пет куршуми и над 20.000 евра.

При тоа, лишени се од слобода Б.П.(40), И.Ј.(42), В.М.(23), Н.К.(43), Г.Б.(35), Б.И.(31), К.Т.(47), Х.Г.(28), Р.М.(20), И.К.(22), В.К.(31)сите од Битола. По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Параглајдерист од Полска удрил во карпа кај Трескавец – Итно пренесен во “Систина”

На 23.10.2023 во 19:05 часот во ПС Прилеп е пријавено дека во близина на манастирот Трескавец, при удар во карпа се повредил параглајдеристот Р.Г.Т. (44) од Полска, на кого од лекар од Итна медицинска помош Прилеп му биле констатирани тешки телесни повреди, по што е пренесен во болницата “Систина” – Скопје за понатамошно лекување – стои во соопштението од ОВР Прилеп.

НОВИ ЦЕНИ: Од полноќ поскапуваат горивата!

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисијата за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 81,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 84,00, Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) 82,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 84,00 денари.

Најновиот македонски филм “Лена и Владимир” во киното “Мис Стон” во Прилеп

На 25 октомври 2023 / среда/ од 19.30 часот во кино Мис Стон премиерно ќе биде прикажан најновиот македонски филм „Лена и Владимир“. Влезниците ќе се продаваат на билетарницата од киното ви вторник и среда, од 10 до 13 часот, и два часа пред почетокот на проекцијата.

Податоци за филмот:
Режија: Игор Алексов
улоги: Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски
времетраење: 95′
земја: МАКЕДОНИЈА, Србија
жанр: Трилер, драма

Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.

Конфекција има потреба од шивачки со работно искуство – пријавете се!

Поради зголемување на производните капацитети и обем на работа конфекција”MB” има потреба од:

– шивачки СО РАБОТНО ИСКУСТВО на права машина и оверлак и

-2 работници во производство

Пријавете се и ве очекуваме во колегијална и пријателска работна атмосфера. Повеќе информации нa телефонскиот број: 075 208 848

Го попрскал домот со бензин и се заканувал дека ќе ги запали неговата мајка, сопруга и децата

Вчера попладне во 14.30 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 40-годишниот А.Р. од Велес, извести МВР.

– Тој на 21.10.2023 околу 10.30 часот во домот, испрскал со бензин и се заканувал на неговите сопруга, мајка и двете деца, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.