дома блог страница 1019

Ни доаѓа Мала Богородица, празник на мајката на сите мајки

Во четврток се празнува големиот христијански празник, Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица — еден од 12 големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица. Богородица е родена во Назарет од стари и бездетни родители, благочестиви Јоаким и Ана како одговор на нивните молитви. Се слави на 8 септември според јулијанскиот календар или на 21 септември според грегоријанскиот календар.

Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има пресвета Богородица, па во врска со тоа и нејзиното раѓање во Божјата економија на спасението. Онаа што подоцна ќе го роди Бога се роди од благочестивите родители Јоаким и Ана. Јоаким потекнуваше од еврејскиот царски род, а Ана од свештеничкиот. Долго време немаа деца, цели 50 години, но имаа цврста вера во Бога и срдечно се молеа да им биде дадено дете.

Се верува дека есента и зимата ќе бидат благи, без многу студени денови, ако на овој празник биде ведро без облаци и ако се види сонцето поголем ден од денот.

На Мала Богородица, исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани. Жените така денес не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи.

Постојат верувања дека на Мала Богородица ништо не трееба да се работат работи кои се работат со раце. На денешен ден наводно не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.

Преубавата битолчанка Матеа Христовска се закити со титула на Miss Tourism Universe, светско натпреварување кое се одржа во Либан

18-годишната Матеа Христовска од Битола се закити со титула на престижното модно натпреварување Miss Tourism Universe 2023 кое оваа година се одржа на 15. септември во Бејрут, Либан.

Станува збор за натпревар во убавина на кое учествуваат девојки од целиот свет, а ова е втора титула за Матеа.

Помеѓу 32 натпреварувачки, убавата битолчанка ја доби титулата Runner Up, која и’ донесе место помеѓу 15-те најдобри светски модели.

Претходно годинава, на крајот од мај, Матеа учествуваше и на изборот за World Next Top Model за 2023г, кое исто така се одржа во главниот град на Либан, каде ја освои титулата за најдобро тело – MISS BEST BODY.

БРАВО МАЈСТОРЕ! Иџе по трет пат стана европски шампион!

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе денеска оствари историски успех станувајќи трикратен европски шампион.

Тој денеска на трките во хрватскиот град Бузет ја освои третата титула Европски шампион за ридски трки, по освоените титули во 2014-та и 2015-та година.

Со тоа Иџе ја завери третата шампионска титула, која и претходно беше очекувана бидејќи имаше бодовна предност од 204 бодови во однос на 176 бодови на Французинот Николас Вервер.

Веста за успехот тој ја сподели и на социјалните мрежи.

-Трикратен европски шампион, за мојата Македонија, за мојот народ 2014/2015/2023. Бидете горди, испишавме нова историја!- порача Иџе.

Тој имаше одлична сезона во европскиот шампионат на ридски патеки и денеска во Бузет дојде до седмата победа од вкупно десет трки колку што се возеа, на три беше втор.

За оваа трка во Хрватска, тимот на Игор Стефановски организираше и автобус за фановите. Околу 50 Македонци минаа преку 1.000 километри за да му дадат поддршка на автомобилистот на патот кон нов трофеј.

Која е најдобрата автошкола? Еве го одговорот

Со историја која датира од 1972 година, Авто Мото Друштво Прилепец е најстарата авто школа во Прилеп. Тие се пионери во областа на стручно оспособување на возачи во нашата општина и таа традиција продолжува и денес.

Но, за разлика од пред 50 години, денеска Авто школа Прилепец располага со супер модерни автомобили за оспособување на возачи за сите категории (АМ, А2, А1, А, Б, Ц, ЦЕ, Д).

Со оглед дека модерниот начин на живеење налага управување со автомобил, а вработувањето во компаниите, особено за младите, е често врзано со поседување возачка дозвола, тогаш порано или подоцна во животот, обуката за возачка дозвола е повеќе од неопходна.

Покрај обуки за возачки дозволи, во АМД “Прилепец” ќе добиете најповолни услови за регистрација и технички преглед на вашето возило. На едно место ќе добиете услуги за зелен картон, осигурување, меѓународна возачка дозвола, атест, сервис на вашето возило, а кога ќе затреба и шлеп услуги.

Посетете го тимот од АМД Прилепец на ул. “Моша Пијаде” бр. 230, или контактирајте со нив на еден од телефонските броеви: 073/444-100, 070/316-281 и 073/444-200 и искористете ја можноста за плаќање и до 12 рати.

Летно туширање од Пролет за Прилеп – Велески и дружината немоќни за пресврт

Eкипата на Пролет 62 му го зададе првиот пораз на прилепчани, откако денеска во салата триумфираа со 30:25. Иако крајниот резултат изгледа убедлив, сепак прилепчани покажаа жар и желба за надигрување.

Иако во првите 20-тина минути се играше речиси гол за гол, домаќините стигнаа до солидно водство од 17:13 на полувремето. Причина за тоа беше и црвениот картон за Цветаноски. Најдобриот шутер на прилепчани го напушти теренот уште во 15-та минута.

Во вториот дел гледавме еден сосема поинаков Прилеп, кој покажа и докажа дека располага со квалитет. Избраниците на Боби Мојсов, предводени од капитенот Велески, успеаја да го израмнат резултатот на 19:19. Пролет повторно направи разлика од 23:20, а прилепчани се вратија на 23:22. Сепак, гостите добија ладен туш во завршините минути, откако Пролет се консолидираше и ги користеше грешките на прилепчани.

Најдобри поединци кај гостите беа Црногорецот, Владан Кастратовиќ, кој постигна 5 погодоци, а го следеше Христи Бикоски со 4.

Во наредното коло РК Прилеп го пречекува Вардар од Неготино.

Уапсивме 50-годишна проститутка, информираат од СВР Битола

На 16.09.2023 во времето од 20.00 до 24.00 часот од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола спроведена е акциска контрола на подрачјето на Битола, при што е констатирано дека Н.Џ.(50) од Битола сторила прекршок „оддавање на проституција“ казнив по чл.19 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, а при контрола во два хотели во битолско констатирани се два прекршоци по чл.15 од законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште.

По документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци – информираат од СВР Битола.

Девојка од Битола доцна синоќа нападната во Прилеп

На 17.09.2023 во 01.50 часот во ОВР-Прилеп М.И.(23) од Битола пријавила дека околу 00.10 часот во Прилеп во близина на маркет била физички нападната од нејзиниот познаник Х.М.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од ОВР Прилеп.

Фатен на дело: Жител од Десово крадел во куќа во Ореше

На 16.09.2023 во 23 часот во с.Ореше, општина Чашка, од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода С.С.(37) од с.Десово, прилепско, кој бил затекнат додека извршувал тешка кражба во куќа во село Ореше.

При преглед кај него, биле пронајдени и одземени мобилен телефон и разни други предмети. С.С. е осомничен и за други кражби на подрачје на с.Богомила и с.Ореше.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од ОВР Прилеп.

РК Прилеп на гостување кај Тинекс Пролет: Велески и екипата ветуваат нова победа

РК Прилеп и гостува на екипата на Тинекс Пролет Скопје и ќе атакува на нова победа.

И двете екипи го заокружија првото коло со победа и три бода, а тоа би требало да биде и најава за одличен меч денес во Скопје. Тешко е да се каже кој ја носи улогата на фаворит, но прилепската екипа која е засилена со неколку нови играчи ветува нов успех во второто коло.

Се зголемува бројот на заболени од кopoна виpycoт во Србија

Според медицински извори, лабораториските податоци во Србија покажуваат дека последните две недели е зголемен бројот на дневни тестови за коронавирусот и дека е „малку загрижувачки“ што околу 20 отсто од примероците се позитивни.

Се најавува и состанок на работната група „Ковид“ во текот на следната недела.

Во меѓувреме, Институтот за онкологија и радиологија на Србија од петок повторно ги забрани посетите на таа институција поради зголемениот број на заболени од коронавирусот.

Според официјалните податоци, во Србија во изминатата недела биле тестирани над 7.000 граѓани, од кои 1.500 биле заразени. Во здравствените установи каде граѓаните може да се тестираат, има се повеќе гужви.

Во светот, како и во земјите во регионот воопшто, постои подваријанта наречена „ерис“, која полесно и побрзо се пренесува. Регистриран е и во Србија.

„Евидентиран е во над 57 земји и кај нас, така што очекуваме благ пораст не само на бројот на тестирани, туку и на позитивните“, посочуваат од лабораториите и додаваат дека подваријанта на „пирол“ најверојатно циркулира, но се уште не е откриена.

Сепак, нема причина за загриженост како порано.

„Многу луѓе имаа Ковид, голем број луѓе се вакцинирани. Се надеваме дека наскоро ќе пристигнат нови бустер вакцини кои всушност ќе ја подобрат заштитата дури и од овие нови соеви“, велат лекарите.

За тоа кој треба да се тестира, препораките се да се тестираат само оние кои имаат симптоми на акутни респираторни инфекции, пред се со антигенски тестови.

Симптомите се покачена температура која може но не мора да се појави, кивање, болки во грлото, малаксаност, главоболка, а некои пациенти имаат и дијареа, осип на кожата и течење на носот.

Извор: press24