40 ученици од ООУ “Климент Охридски” учеа за детските права во Швајцарија, и ги презентираа Македонија и Прилеп на радио емисија во живо

Во периодот од 9 до 23.11.2023 год., во детското село Песталоци во Троген – Швајцарија, 40 ученици и 6 наставници – супервизори од ООУ “Климент Охридски” Прилеп, учествуваа на меѓукултурна размена со други држави од Европа.

-Во работните денови учениците посетуваа настава, каде низ работилници на креативен начин ги надоградија своите знаења за детските права, и ги применија во различни активности. Низ деновите на оваа размена беа посетени градовите Констанц, Луцерн и Сент Гален, уживаа во глетката на водопадите на реката Рајна, Боденско Езеро и посетија видиковец од кој можеа да се видат прекрасните Алпи. Во воннаставните активности беше посетен и музејот Технорама. Учениците имаа презентација на нашето училиште, градот Прилеп и нашата држава Република Македонија на локалното радио, низ емисија емитувана во живо. Изработија и акциски планови за активности кои следат во наредниот период,
и преку кои ќе ги запознаат своите соученици со стекнатите знаења и вештини
– информираат од училиштето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.