дома блог страница 1012

Вучиќ: Тројца Срби настрадаа, двајца од снајпер од голема оддалеченост, драматично обраќање српскиот претседател

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека вчера беше еден од најтешките денови за Србија и како што вели тој „нашиот народ, би рекол, од 2004 и 2008 година“.

„Ни требаше долго време сами да истражиме што се случи на Косово и Метохија, што се случи утрово, во текот на утрото и попладнето, за да можеме да ја кажеме вистината на луѓето и да подготвиме терен за донесување соодветни одлуки.

Претседателот рече дека синоќа околу 2:46 часот група Срби од Косово и Метохија поставиле два камиони како барикади во Бањска на северот на Косово и Метохија. Потоа дошла косовската полиција и се обидела да ги отстрани тие барикади, дошло до конфликт со Србите кои ги поставиле барикадите и во тој конфликт загинал еден полицаец, а уште едно лице е рането.

„Во 08:57 часот беа затворени административните премини Јариње и Брњак. Престрелките и престрелките се уште траат. Во 10.15 часот албанските власти соопштија дека четири општини на север се зона на антитерористичка операција. рече претседателот.

Тој посочи дека предупредил во Брисел и Њујорк дека тоа може да се случи.

„Малкумина сакаа да слушнат и слушаат“, истакна претседателот.

Тројца напаѓачи се убиени, а петмина се уапсени по ноќното пукање на влезот во селото Бањска на северот на Косово , кога, според полициската управа во Приштина, еден полицаец е убиен, а друг е ранет.

По конфликтот на влезот во Бањска, напаѓачите упаднале во дворот на манастирот , од каде продолжиле да разменуваат оган со полицијата.

Блокиран е влезот во селото од магистралниот пат Косовска Митровица-Лепосавиќ, како и сообраќајот на административните премини Јариње и Брњак.

Од правецот на Бањска на главниот пат се слушаат спорадични пукотници.

Во Бањскиот манастир во моментов е мирно , како што се наведува во новото соопштение на Рашко-призренската епархија, но постои неизвесност и загриженост кај монасите и верниците.

Управувајќи трактор, изгубил контрола и се превртел од патот во близина на Прилеп

На 23.09.2023 во 15.15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во близина на село Ропотово, прилепско, Р.Е.(43) од с.Црнилиште, управувајќи трактор, изгубил контрола и се превртел со тракторот. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на настанот увид извршиле полициски службеници од ОВР Прилеп.

Трагедија во Прилеп: По пад на дрво едно лице го загубило животот, а едно се здобило со тешки телесни повреди

На 23.09.2023 во 17.15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во атар на село Стровја, прилепско, по пад од дрво, од здобиените повреди на местото починал малолетник од село Црнилиште, прилепско. Притоа, со повреди се здобил и Н.А.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт кај малолетникот. Полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле увид.

Зрачи од убавина! Во Крушево после долги години осветен манастирот Св. Преображение – На еден од ѕидовите се наоѓа ангелскиот лик на Тоше (Фото/Видео)

После долги години на градба, манастирскиот комплекс Св. Преображение во Крушево, или кај народот познат како манастирот на Тоше Проески, денеска го дочека денот да биде осветен.

Во присуство на голем број верници од Крушево и земјава осветувањето на манастирската црква го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на повеќе Архиереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Храмот зрачи од убавина. Ѕидовите ги красат прекрасни фрескоживописи, а на еден од нив се наоѓа и ангелскиот лик на Тоше.

Палеле стрништа во пелагониско, па им тропна полицијата на врата: 5 лица донесени во полициска станица во Битола

Fire on cornfield on sunny day. Burning cornfield.
Fire on cornfield on sunny day. Burning cornfield.

Криминалистичката полиција при СВР Битола, вчера (23.09) по добиени оперативни сознанија во врска со кривичното дело “Предизвикување општа опасност” односно, намерно предизвикување на пожари на отворен простор во с. Лознани и с.Путурус, битолско, во полициска станица Битола ги повика на разговор М.С.(43) од с. Вашарејца, битолско, В.П.(58) од с. Лознани, битолско, А.Л.(72) од Битола, И.К .(35) од с. Вашарејца, Д.С.(61) од с. Лознани.

Против лицето Д. С. ќе следува и Кривична пријава по чл. 288 од кривичен Закон,односно “предизвикување општа опасност” – информираат од СВР Битола.

Мицкоски: Пензионерите ја имаат целосно поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, власта да се вразуми и да ги исполни нивните очекувања

При посетата на општина Брвеница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што пензионерите протестираат за своите пензии, а од власта велат дека нема простор за решение истакна дека очекува власта да се вразуми во однос на барањата на пензионерите, и потенцираше дека пензионерите ја имаат целосно поддршката од ВМРО-ДПМНЕ.

„Па видете од власта велат дека нема простор за договор затоа што потрошија 200 милиони евра а од тие 200 милиони евра, гледате дека нема ниту лопата, гледате дека не е ископан ниту еден ров за оној капитален проект, и тоа се пари кои што завршуваат најчесто во приватни џебови како резултат на провизија и затоа нема за пензионерите. Јас веднаш повикувам на состојба кога треба да се разговара со пензионерите, тие ја имаат нашата поддршка, ја имаат мојата поддршка, и очекувам дека ќе се вразуми власта и дека ќе постапи според потребите на пензионерите бидејќи инфлацијата, скапиот живот и ова што се случува практично го уништува на дневна основа стандардот на граѓаните и пензионерите“, нагласи Мицкоски.

И Новаци и’ скина бодови на Победа во Прилеп

Победа пропушти одлична шанса да запише нови 3 бода, откако вчера на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп ремизираше 1:1, со новајлијата во Втората лига Новаци.

Во натпревар во кој црвено-белите ја имаа инцијативата и играа добро во речиси сите 90 минути, водството за прилепчани дојде дури во 72-та минута, кога мајсторски стрелаше Филип Димоски.

И кога се мислеше дека се’ oди во корист на прилепчани, екипата предводена од екс тренерот на Победа, Дарко Крстески, ги казни црвено-белите за низата промашени шанси во 85-та минута. Радоста на малубројната публика на Градски им ја зеде Антонио Стојковски, кој стрелаше прецизно од работ на 16-тиникот.

Победа се наоѓа на 11-то место на табелата со само 8 освоени бода од 6 натпревари. Во наредното коло прилепчани гостуваат кај фенерџијата САСА.

Среде бел ден скопјани направија “партал” во Прилеп: Казнети 72 возачи

Вчера (23.09.2023) во периодот од 10.00 до 14.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција- Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на ОВР Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 72 возачи, од кои 34 за возење без возачка дозвола, 5 возачи под дејство на алкохол, 5 возачи кои управуваат моторцикли без заштитен шлем, 2 возачи кои управуваат моторни возила со несоодветна категорија дозвола, 3 моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 4 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла) , 2 за неисправност кај товарни возила кои вршат превоз на определени стоки, 1 возач кој што врши јавен превоз на патници а притоа не поседува валидно лекарско уверение.

Изготвено е и 1 барања за поведување на прекршочна постапка на правни и одговорни лица.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Александар Волкановски го откри омилениот фудбалски клуб во Македонија

Светскиот шампион во перо категорија на УФЦ, Александар Волкановски, никогаш не се довумел јавно да го истакне своето македонско потекло.

“Волк” често зборува за Македонија и она што го поврзува со нашата држава, а сега откри и дека има омилен фудбалски клуб. Тоа не е ниту Вардар, ниту Пелистер, туку нисколигашот ФК Младост Беранци. Но, знаејќи дека неговиот татко е роден токму во Беранци, ова и не е големо изненадување.

Беранчани се горди на Волкановски, па на лигашките натпревари носат дресови во чест на светскиот шампион.

(Видео) Поларен вртлог на Сонцето: Научниците немаат објаснување

Дел од сончевата плазма ја напушти површината и почна да кружи околу врвот на Сонцето како огромен поларен вртлог.

– Не сакаме никого да алармираме, но нешто се случи на Сонцето – напиша порталот Indy100.com.

Набљудувањето беше овозможено со моќниот вселенски телескоп Џејмс Веб и не е изненадување што го поттикна интересот на научниците ширум светот. Снимката од настанот е објавена благодарение на Соларната динамичка опсерваторија на американската агенција НАСА.

– Каков поларен вртлог! Материјалот од северната испакнатост штотуку се одвои од главната нишка и сега орбитира во џиновски поларен вртлог околу северниот пол на нашата ѕвезда. Импликациите за разбирањето на атмосферската динамика на Сонцето над 55 степени овде не можат да се проценат – напиша Сков на социјалната мрежа Х.