дома блог страница 1011

MВР демантира: Немаше киднапирање, туку ученичка била поканета од машко лице да влезе во автомобил за да одат на кафе

Министерството за внатрешни работи го демантира случајот за обидот за киднапирање пред основното училиште „Страшо Пинџур“ во општина Карбинци. Како што информираат од СВР Штип, момче поканил во своето возило да влезе ученичка за да одат на кафе.

„Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката“, информираат од МВР.

Браво за тимот на ортопедија! После долг период, успешно импантирана тотална протеза на колено во прилепската болница

-После долг период повторно имплантирана тотална протеза на колено во ОБ Прилеп. Благодарност до тимот и сите кои учествуваа во оваа организација – напиша на социјалните мрежи Кире Јоноски, специјалист доктор по ортопедија.

Од нас честитки за успешниот оперативен зафат и уште поголеми успеси во иднина.

Од 11-ти декември изменет сообраќаен режим на патот Прилеп-Битола

Градежниот институт информира за изменет сообраќаен режим на два магистрални патишта во Македонија.

Според информацијата од 11.12.2023 година ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп-Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот.

-Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи, информираат од институтот.

Вториот изменет соображаен режим е на делницата Тетово-Гостивар.

-Започнувајќи од 05.12.2023 година ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A2, делница Тетово-Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Исто така се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи, се вели во информацијата од Градежниот институт.

Каратист од Велес, е еден од осомничените за убиството на Вања

Пет лица се осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска, а меѓу нив е и каратист од Велес, пренесува Пресс24.

Велешкиот спортист Боре Видевски, кој е во притвор, е уапсен во неговата спортска школа за боречки вештини.

Видовски е еден од тројцата приведени осомничени, меѓу кои се Велибор Манев и Влатко Кешишев. Освен за киднапирање, сите тројца се осомничени за двојно убиство – 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, фризер од Велес. Тие во понеделникот наутро добија притвор до 48 часа.

На распитот го откриле времето кога е убиена Вања и кога е убиен Панче.

„Го имаме признанието на осомничените кој е за што одговорен“, изјави вчера обвинителот Гаврил Бубевски.

Според Бубевски, тие во своите изјави рекле дека ја убиле Вања затоа што работата излегла од контрола. „Тоа е нивната верзија“, додаде Бубевски.

Видевски на своите профили на социјалните мрежи објавувал фотографии со децата кои ги тренирал боречки вештини.

Засега не се знае каква била неговата улога во киднапирањето, а властите вчера на прес-конференција соопштија дека осомничените признале што направиле во случајот што го шокираше Балканот.

(ВИДЕО) 32 екипи ќе се борат за високи парични награди – Од 8-ми декември стартува традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола 2023”

Прилеп започна со подготовките за организирањето на градската слава „Св Никола“ и традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2023“.

Покровител на турнирот е Локалната Самоуправа на Општина Прилеп која дава максимална поддршка на спортот, заедно со генералниот спонзор, компанијата Комфи Ангел која што годинава е и домаќин на градската слава и се разбира со поддршка на други општествено одговорни компании и Регионалната Стопанска Комора – Прилеп.

Заради немањето можност фудбалските натпревари да се играат во Универзалната сала, љубителите на малиот фудбал ќе ги следат натпреварите училишните сали на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” и во ООУ “Добре Јованоски”, после 18 часот.

Нема промени во однос на форматот на одигрување на натпреварите од минатата година, односно 32 екипи ќе бидат поделени во групи, а доколку има пријавени повеќе екипи, истите ќе бидат вметнати во групите.

Наградниот фонд за ова издание на турнирот е повеќе од 450.000 илјади денари. Pобедникот ќе добие 260.000 денари, за второ место се обезбедени 130.000, а за трето 70.000.

Турнирот започнува од 8-ми и ќе трае до 24-ти декември.

-Турнирот секогаш има и хуманитарен карактер, така да, се надеваме дека и оваа година ќе обезбедиме доволно средства а дел од нив на крајот ќе се доделат онаму каде што има потреба. Патронот на градот односно нашата градска слава „Св. Никола“ ќе ја чествуваме оваа година во еден прекрасен нов концепт но се разбира во духот на нашат христијанска вера и традиција. Јас во оваа прилика како градоначалник сакам сите вас почитувани сограѓани да ве поканам заедно на традиционалниот светиниколски ручек на 19ти декември во центарот на градот и заедно да го чествуваме нашиот патрон на градот, а исто така ве поканувам сите и заедно да го проследиме традиционалниот турнир во мал фудбал „Св Никола 2023“ од 8-24 декември во нашите училишни спортски сали на Добре Јованоски и Ристе Ристески-Ричко – истакна градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Повеќе детали за турнирот и градската слава во продолжение:

Граѓаните се организираат: За сабота најавен протест „Правда за Вања“

Масовен протест „Правда за Вања“ организираат граѓаните и граѓанскиот организации.

Настанот ќе се одржи оваа сабота со почеток од 10 часот во Градскиот парк.

Граѓаните праќаат пораки „Правда за Вања“, „Да не се заборави“, „Стоп за грозоморните убиства“.

Oбид за киднапирање на две деца од училиште во Карбинци (ВИДЕО)

Обид за киднапирање на две деца е спречен утринава во ООУ „Страшо Пинџур“ во Карбинци

Киднаперите дошле со возило “Голф” со скопски регистарски таблички, се обиделе насилно да ги внесат децата во возилото, но биле спречени од другите деца и персоналот. Во моментов инспектори од СВР Штип се на лице место, информира ТВ Стар.

ЛИНК од видеото

Приведен крадец од Прилеп, крадел од автомобили

На 05.12.2023 во 00.00 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.А.(41) од Прилеп.

Тој се сомничи дека извршил тешки кражби во возила и дека одзел различни предмети.

Украденото е пронајдено и вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случајот против Е.А. ќе следува соодветна пријава.

Во четврток повторно снег во Македонија

Во Македонија во следните денови ќе имаме многу променливо и значително постудено време. Ќе бидеме и под влијание на влажен воздушен бран од запад и од југозапад и истиот ќе условува повремени локални врнежи од дожд на пониските места (градовите), додека на планините над 1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег – објави Meteoalarm.mk

Поради понатамошно спуштање на студена воздушна маса од север, во четврток попладне и во вечерните часови врнежи од снег ќе има и на местата со надморска височина од под 1000 метри, особено во западните и во северните предели од државава. Тогаш ќе дојде до формирање на нова снежна покривка на планините и на повисоките места, а мала снежна покривка можно е да се формира понекаде и на местата со надморска височина од под 1000 метри.

Во четврток попладне и навечер ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, особено Долж Повардарието.

Важно известување од прилепските црковни храмови за престојниот празник Св. Георгиј

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕСТОЈНИОТ ПРАЗНИК СВЕТИ ГЕОРГИЈ!

-Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани, ве известуваме дека ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКОВНИТЕ ХРАМОВИ.

За претстојната слава, на СВЕТИ ГЕОРГИЈ, во храмот Св. Кирил и Методиј (Параклис) и во храмот св. Петка во нас. Точила, лепчиња ќе се креваат преку целиот ден, во петокот(08.12.2023) и тоа од 07:30 – 16.30. И НА САМИОТ ПРАЗНИК (наредниот ден) во саботата, ПО ЗАВРШУВАЊЕТО на Божествената Литургија.

Честита слава на сите кои го чествуваат светиот Георгиј како закрилник на нивните домови т. е. домашна слава!

Нека ни е за многу години и на помош!