дома блог страница 1007

Закажана борбата на деценијата

Долгоочекуваната информација конечно е официјализирана.

Контроверзниот Британец Тајсон Фјури и Украинецот Олександр Усик потпишаа договор и ќе боксуваат за титулата во супертешка категорија, пренесуваат британските медиуми.

Двајцата ќе ги вкрстат ракавиците или кон крајот на декември или почетокот на јануари, а големиот настан ќе се одржи во Саудиска Арабија.

Веќе е познато дека Фјури пред овој спектакл ќе биде дел од уште еден, бидејќи во октомври ќе боксува против Френсис Нгану.

(Фото) Познат фудбалер и француски репрезентативец се закануваше дека ќе скокне од мост: Драмата заврши по два часа “преговарање”

Вистинска драма пред неколку часа се случуваше во Франција. 22-годишниот фудбалер на Ница Алексис Бека Бека се закануваше дека ќе скокне од „Манјан вијадукт“ на височина од околу 100 метри.

Францускиот фудбалер, како што пишуваат локалните медиуми, се одлучил на ваков потег по прекинување на љубовна врска. До мостот дошол со своето возило „ауди а8“, а потоа само седнал на работ на мостот. На местото има зголемено присуство на полициски службеници кои се обидуваат да го убедат да не скокне.

Пожарникарите и полицијата одлично се снашле на лице место, а како што пренесува „РМЦ“, фудбалскиот клуб испратил и психолог. После настанот се одржа тренингот на тимот, но не и закажаната прес-конференција. Од новинарите беше побарано да го напуштат тренинг центарот.

Лидер во земјоделското осигурување за 2023 – Признание за СН Осигурителен Брокер АД Битола (ФОТО)

-Покрај земјоделското осигурување, СН Осигурителен брокер, преку професионален кадар во континуитет ги едуцира земјоделците на терен, ги следи актуелните состојби во агро секторoт и воведува новитети соодветни на потребите на земјоделците.

Во рамките на изборот на најуспешните од областа на земјоделството за 2023 година, здружението за земјоделци „Современо земјоделство“ му додели признание на СН Осигурителен Брокер АД Битола како лидер во земјоделското осигурување.

На церемонија на доделување на наградите во Битола, претседателката на „Современо земјоделство“, Билјана Петровиќ му го врачи признанието на Таше Наумовски – Раководител на експозитура во Ресен и виш соработник на сектор земјоделие во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

„СН Осигурителен Брокер АД Битола останува посветен партнер на земјоделците и голем поддржувач на аграрниот сектор. Секогаш сме на страната на земјоделците, избираме добро и соодветно осигурување за нив, а од клучно значење е тоа што сме дел од секој процес на осигурувањето, конкретно од давање на понуда до исплата на штета. Поддршката од наша страна ќе продолжи и во иднина во насока на развој на модерно и современо земјоделие. Всушност во основата на нашето работење како компанија која веќе е добро препознатлив бренд во Македонија е дека секогаш сме на страната на нашите клиенти. Нашиот успех се заснова на нашето активно следење на донесувањето на законски мерки и начинот на обештетување на осигурениците, како и нивно целосно информирање.“-изјави Наумовски.

Тој посочи дека земјоделците се се посвесни за неопходноста од осигурување во агробизнисот во функција на сигурно и конкурентно производство. „Земјоделците знаат дека земјоделското производство е како и секој друг бизнис во кој треба да се вложува за да се произведе конкурентен производ. Осигурувањето нуди сигурност на тие вложувања”.

Покрај земјоделското осигурување, СН Осигурителен брокер, преку професионален кадар во континуитет ги едуцира земјоделците на терен, ги следи актуелните состојби во агро секторoт и воведува новитети соодветни на потребите на земјоделците.

“Низ целата држава имаме вкупно 43 експозитури кои функционираат одлично. Како брокерско друштво она по што не препознаваат нашите осигуреници е професионалната услуга и партнерскиот однос, нудиме доверба и квалитет, присутни сме на сите земјоделски настани, па така земјоделците постојано имаат директна комуникација со нашиот тим со што имаме активен придонес во изнаоѓањето најдобри решенија за земјоделците.“-вели Наумовски.

СВР Битола: Пронајдовме украдена “опел корса” и му ја вративме на сопственикот

На (28.09)полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола од ул”Караорман”во Битола со потврда за привремено одземени предмети од лицето А. А.(41)од Битола беше одзмено патничко моторно возило марка”опел корса” без регидтарски ознаки.

Истото беше пријавено на 27.09 во СВР Битола за украдено од страна Б. Б.(48) од с.Подино, О.Могила.

Возилото е вратено на сопственикот, а против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 242 од КЗ на РСМ – информриаат од СВР Битола.

Велески фластер за Јасухира – Утре мора да се неутрализира најдобриот

Ракометарите на РК Прилеп, утре со почеток од 18:30ч, во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, во рамките на петтото коло од Супер лигата, го дочекуваат силниот тим на Вардар.

По триумфот над Вардар Неготино во минатото коло, прилепчани се мотивирани, но против двократниот шампион во Лигата на шампионите ќе треба да одиграат најмалку 10 пати подобар натпревар и без грешки, доколку сакаат да стигнат до некаков позитивен резултат.

Во секој случај, момците заслужуваат поддршка и полна трибина! Да ја поддржиме екипата на Боби Мојсов, која предводена од капитенот Филип Велески, со сигурност ќе има што да покаже на теренот.

Majка од Прилеп ќе одговара: Ги терала нејзините две ќерки да питачат

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против С.Н.(37) од Прилеп, со живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

На 11.08.2023, пријавената била затекната како ги подведува на питачење нејзините два малолетни ќерки – информираат од МВР.

Прилепчанката Ана Стојаноска член на жирито на театарскиот фестивал МЕС во Сараево

Ни претставува чест да споделиме дека уметничката директорка на МТФ „Војдан Чернодрински“, Ана Стојаноска, на претстојното 63. издание на МЕСС (Меѓународен фестивал на мали и експериментални сцени во Сараево), ќе биде член на жирито на официјалната програма.

Еден од најпрестижните фестивали во регионот ќе започне утре, на 30 септември (сабота), а ќе трае до 8 октомври во Сараево.

Стојаноска ќе ги оценува претставите заедно со Марина Катниќ-Бакаршиќ, професорка на Факултетот за сценски уметности во Сараво и Јана Баскау, продуцентка од Германија.

МЕСС ќе биде отворен со претставата „Калигула“ на Националниот академски драмски театар „Иван Франко“ од Украина. Врвот на европскиот театар низ 12 претстави ќе се претстави со дела од Англија, Литванија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. На фестивалот не учествува театарска куќа од Македонија.

Писателката и професор Ана Стојаноска дипломирала на Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Постдипломски студии завршила на театрологија на Факултетот за драмски уметности, каде магистрирала и докторирала. Работела како истражувач и координатор на Институтот за театрологија при ФДУ.

Специјализирала од областа на театарската музеологија. Авторка е на бројни романи и драмски дела, стотина студии и огледи објавени во македонски и странски списанија, како и коавтор на неколку театарски монографии. Пишува и театарски критики. Нејзината поезија и проза се објавени во многу македонски и меѓународни зборници.

Дел од горивата со намалени цени од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44% во однос на одлуката од 28.9.2023 година.

Од полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло
за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 30.9.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 48,715 (денари/килограм)

Потег за почит! Витаминка го поддржа проектот “Екологијa преку иновативна технологија” – поставени две повратни вендинг машини во “Футура” (Фото)

ВИТАМИНКА ГО ПОДДРЖУВА ПРОЕКТОТ „ЕКОЛОГИЈА ПРЕКУ ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА“, ПОСТАВЕНИ СЕ ДВЕ ПОВРАТНИ ВЕНДИНГ МАШИНИ

Прехранбената индустрија Витаминка, активно ја поддржа реализацијата на проектот „Екологија преку иновативна технологија“ на Ротари клубот Прилеп и Пакомак, покажувајќи ја на дело спсотвената општествена одговорност. Со поддршка од компанијата, за проектот се набавија и поставија две повратни вендинг машини за пластична ПЕТ амбалажа и лименки во два локални маркети на „Футура“ лоцирани во централното подрачје на градот Прилеп.

Станува збор за селектирање амбалажен отпад со бенефиции, на тој начин што граѓаните кои што ќе го селектираат отпадот на наведениот начин, за возврат ќе добиваат зелени поени или пари, со кои што ќе можат да пазарат во маркетите. Проектот е базиран на она што е светска пракса долги години со ред, а ќе помогне во градот и пошироко да се зајакне свеста кај популацијата за потребата од селекција на отпадот. Двете вендинг машини имаат капацитет од 450.000-500.000 шишиња и лименки на годишно ниво.

Проектот е одржлив бидејќи компанијата Пакомак ќе организира промоции, систем на празнење со локални трговци со отпад и техничко одржување на долг рок. Едната вендинг машина ја набавуваат Ротари клубот Прилеп, Витаминка АД, Прилепска Пиварница, Футура, Комфи Ангел и Кули, а втората е донација на Пакомак. Вкупната вредност на проектот надминува 36.000 евра.

Граѓаните ќе можат да ја симнат апликацијата на своите паметни телефони и со едноставна најава на вендинг машината, ќе можат да го одлагаат амбалажниот отпад. Информации за начинот на користење има на самата вендинг машина, а дополнителни информации ќе бидат споделени преку соодветни флаери кои што ќе ги добијат граѓаните со сметките од јавното комунално претпријатие. Во периодот што следи се планирани повеќе промотивни настани за овој проект, а со цел да добие на значење и успешно да се спроведува.

После цели 10 години набавено ново возило за транспорт на храна во прилепските детски градинки (ФОТО)

После повеќе од 10 години обезбедено е ново возило за транспорт на храна, за дечињата од ЈОУДГ „Наша иднина“ Прилеп!

-Со ова возило, кое што е по сите стандарди ќе се подобрат значително условите и навремената испорака на оброците за сите 1320 дечиња сместени во 6 објекти на градинката. Локалната самоуправа заедно со раководството на ЈОУДГ „Наша иднина“, продолжува да инвестира во подобрување на условите за згрижување на децата и нивниот ран детски развој, затоа што ДЕЦАТА СЕ НАША ИДНИНА – стои во соопштението од Општина Прилеп.