Орбан повторно “распали” против Украина: “Таа држава е позната како една од најкорумпираните во светот”

Унгарскиот премиер Виктор Орбан останува жестоко против преговорите со Украина за пристапување во Европската унија (ЕУ), тврдејќи дека во земјата има премногу корупција и претставува закана за европското семејство.

„Украина е позната како една од најкорумпираните земји во светот. Не можеме да донесеме одлука за почеток на процесот за пристапни преговори (со таа земја)“, рече Орбан во Париз во интервју за неделникот Ле Поинт.

На средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, Орбан рече дека наместо пристапни преговори, ЕУ треба да влезе во стратешко партнерство со Украина.

„Секоја година ќе треба да плаќате повеќе од 3,5 милијарди евра дополнителни средства во заедничкиот буџет на Унијата“, рече Орбан во интервјуто за Поен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.