дома блог страница 1008

Момироски: “Ако го изгласаат, за еден мандат Сугарески ќе лапне 110.000 евра”

Во најновата колумна за “РАДИО ПЕЛА”, новинарот Зоран Момироски се осврна и на конкурсот за Државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос во втор степен, каде меѓу 35 лица кои аплицирале е и екс министерот за транспорт и врски, Горан СУгарески.

-ПОСТОЈАТ ЛУЃЕ КОИ ЕДНОСТАВНО НЕ МОЖАТ ДА ЖИВЕАТ БЕЗ ФУНКЦИЈА И БЕЗ МНОГУ ПАРИ. ОСОБЕНО АКО ГО НЕМААТ ОНА ПРВОТО- ФУНКЦИЈА ЕДНОСТАВНО ЗАПАЃААТ ВО ТЕШКА ДЕПРЕСИЈА КОЈА ЗА ЖАЛ Е МОЖНО СЕРИОЗНО ДА СЕ ОДРАЗИ ВРЗ НИВНОТО ЗДРАВЈЕ. ЗАТОА БАРААТ НЕКАКОВ ИЗЛЕЗ. МОЛАТ, КОЛЕНИЧАТ, КОНКУРИРААТ И СЕ ОБИДУВААТ ДА ДОЈДАТ ДО УТЕШНА ПОЗИЦИЈА. ПОРТАЛИ ВЕЌЕ ИНФОРМИРААТ ДЕКА ЕКС ПРАТЕНИКОТ, ПА ЕКС МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ, ПА ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ЦАРИНА И КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПРИЛЕП ГОРАН СУГАРЕСКИ Е МЕЃУ ПРИЈАВЕНИТЕ 35 КАНДИДАТИ ЗА ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ВО УПРАВНА ПОСТАПКА ОД РАБОТЕН ОДНОС ВО ВТОР СТЕПЕН. ОВАА КОМИСИЈА ТИ БИЛА СОСТАВЕНА ОД 11 ЧЛЕНОВИ, А ЗА ЧЕТИРИ ГОДИШЕН МАНДАТ СЕКОЈ ЧЛЕН КАКО НАГРАДА БИ ДОБИЛ ПО ОКОЛУ 110.000 ЕВРА. ВЕСТА МНОГУ НЕ МЕ ИЗНЕНАДИ ЗНАЕЈЌИ ГИ ПОТРЕБИТЕ И АМБИЦИИТЕ НА СУГАРЕСКИ. АМА МЕ ИЗНЕНАДУВА ФАКТОТ ШТО ЗА ВАКОВ КАЛИБАР НА ЛУЃЕ КАКО СУГАРЕСКИ СДСМ СИ ГО ТРЕТИРААТ КАКО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО КОЕ Е ФОРМИРАНО И СИ ОПСТОЈУВА САМО ЗА НИВ. ДОБРЕ БЕ ЛУЃЕ ИМАТЕ ИСАВ?! ЗНАЕТЕ ЗА ДОСТА ИЛИ ВООПШТО ЗА НИШТО ОСВЕН ЗА ЛИЧНОТО АМА БАШ – НЕ ВИ ПУКА! – пишува Момироски.

Пратеничката Дафина Стојаноска од говорница: „Лигав еден, бакнежи и намигнувања праќај си дома“

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во Собранието го обвини вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ дека ѝ праќал бакнежи и намигнувања од неговото пратеничко место.

„Како не вие срам, ужас сте. Нека ве сликаат како праќате бакнежи. Лигав еден. Вака може да се однесувате само дома, бакнежи и намигнување само дома вицепремиеру“, почна да вика Стојановска од говорницата, по што настана метеж.

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски кој претседаваше со седницата за пратенички прашања се обиде да ја смири ситуацијата.

„Дафина, држи се.., Дафина држи се…. Седнете на место“, и’ рече тој.

Стојаноска и уште неколку пратенички потоа дојдоа до Мисовски и реагираа, по што тој и дозволи на Стојаноска да зборува повторно.

Под клуч ставени уште пет маркети кои не ги продавале артиклите по „гарантирана цена“

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) синоќа казнил и пломбирал уште пет маркети ширум земјава кои не ја испочитувале одлуката за ограничување на цените на дел од прехранбените производи за кои Владата одлучи дека ќе се продаваат по „гарантирана цена“ до 30 ноември.

За ова на својот профил на Фејсбук информира првиот човек на Пазарен, Горан Трајковски.

„Казнети се и затворени пет маркети во Кавадарци, Гостивар, Куманово и Тетово“.Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и одуките на Владата. Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните – потрошувачите!“, напиша Трајковски на фејсбук.

МВР со важно предупредување до граѓаните: Не наседнувајте на оваа измама

Доколку добиете електронска порака во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски која изгледа како судска покана, не наседнувајте бидејќи станува збор за измама во меѓународни рамки.

Од МВР информираат дека деновиве имале пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во која во вид на наводна покана за суд, примачот на пораката се известува дека е предмет на правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, како детска порнографија, педофилија, егзибиционизам… Притоа, примачот на пораката се повикува да се регистрира преку мејл и да ги даде неговите лични податоци.

-МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, односно од БЈБ. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните со цел нивна понатамошна злоупотреба. Судските покани не се испраќаат преку мејл, а и доколку внимателно се прочитаат овие пораки, видливо е дека станува збор за измама.

Затоа, апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци кои ги бараат измамниците. Исто така, предупредуваме да не отворате линкови и датотеки кои се испратени во прилог на електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.

Воедно, информираме дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина, а со иста цел – злоупотреба на лични податоци, во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот, се вели во соопштението на МВР.

Уапсен млад дилер на дрога од Прилеп

На 27.09.2023 полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Л.(26) од Прилеп.

При претрес во неговиот дом на ул. “Гостиварска” во Прилеп, спроведен врз основа на наредба од Основен суд Прилеп, пронајдени се и одземени кутија со цветови од растението Cannabis, шеснаесет опаковки со бела грутчеста материја, дваесет опаковки со марихуана и предмети со остатоци од марихуана.

Лицето е приведено во полициска станица Прилеп и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.

Претрес кај 23-годишник од битолско: Пронајдена дрога!

На 27.09.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, врз основа на наредба за претрес од Основен суд – Битола, извршиле претрес во дом во с.Дихово, битолско, сопственост на Ф.Ј.(29) од истото село.

При претресот се пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, дробилка и предмети со остатоци од прашкаста материја, за кои е утврдено дека припаѓаат на неговиот брат В.Ј.(23).

По документирање на случајот против него ќе следува кривична пријава – информираат од СВР Битола.

СН Осигурителен Брокер на Преспански јаболкобер во Ресен (ФОТО)

– На штандот на компанијата посетителите на манифестацијата во Ресен имаа можност да се информираат за сите типови осигурување кои ги нуди ова брокерско друштво, со посебен акцент на земјоделското осигурување како најбезбеден и најисплатлив начин да се заштитат вложувањата и трудот на земјоделецот.

Со симболично откинување на првото јаболко во рамките на манифестацијата „Преспански јаболкобер“ секоја година традиционално на големиот верски празник Крстовден официјално почнува бербата на преспанското јаболко.

Како лидер во областа на земјоделското осигурување “СН Осигурителен Брокер“ АД Битола и оваа година ја претстави својата понуда во рамките на штандовската презентација во центарот на Ресен која се организира по повод Преспанскиот јаболкобер. Воедно, од компанијата упатија честитка по повод големиот празник Крстовден, а на сите земјоделски производители им посакакаа богат род и бериќетна сезона.

На штандот на компанијата посетителите на манифестацијата во Ресен имаа можност да се информираат за сите типови осигурување кои ги нуди ова брокерско друштво, со посебен акцент на земјоделското осигурување како најбезбеден и најисплатлив начин да се заштитат вложувањата и трудот на земјоделецот.

Земјоделството во Македонија претставува значајна стопанска гранка, а пелагонискиот регион има стратешко значење од аспект на земјоделието. Заштитата на земјоделието пред се од последиците кои ги нанесуваат климатските промени е меѓу приоритетите на секој земјоделец од овој регион.

Токму затоа СН Осигурителен Брокер АД Битола во континуитет работи на советување на земјоделците со цел да обезбедат најдобра заштита на земјоделските посеви, а со тоа работи и во правец на подигнување на свеста на земјоделците за важноста на земјоделското осигурување. Оттука расте свеста дека земјоделското осигурување претставува единствен трансфер на ризик со надокнада за земјоделецот. Го намалува ризикот и го стабилизира доходот на земјоделецот. Ја намалува неизвесноста и му дава можност на земјоделецот да планира на подолг рок.

Со оглед на тоа што преспанскиот регион спаѓа во ризичните региони кои осигурителните компании ги избегнуваат, СН Осигурителен Брокер АД Битола сепак останува посветен партнер на земјоделците докажувајќи преку својата работа на терен дека осигурителните брокери се вистинскиот начин земјоделците да дојдат до добро осигурување особено кога нивните посеви се наоѓаат во таквите ризични региони.

Дури 80% од полисите во ризичниот регион – Преспа се изработени од страна на СН Осигурителен брокер Битола, со што нескромно можеме да истакнеме дека сме лидери меѓу брокерските друштва и активно се вклучуваме во изнаоѓањето на најоптимални решенија за земјоделците во однос на сите прашања од областа на осигурувањето, велат од СН Осигурителен брокер АД Битола.

Искуството во изминатите три години, кажува дека имаме традиционални осигуреници-наши следбеници и соработници или веќе и наши деловни партнери. Ние како осигурителен брокер нудиме и бесплатна правна помош во случај на штета како и во делот на склучување на договорите. Во нашето брокерско друштво постои тим кој врши процена на штети и истиот е вклучен во сите комисии за обештетување. Тоа значи дека кај нас земјоделецот не е сам, туку има деловен партнер кој заедно со него го штити неговиот интерес. Тој партнер е СН Осигурителен брокер АД Битола, посочуваат од компанијата.

Прилепчани покажаа дека си ја сакаат МАКЕДОНИЈА! Преполн плоштад, развиорени знамиња, се пееше во еден глас! (Фото/Видео)

Караванот “Македонијо во срце те носиме” синоќа беше во Прилеп, на огромна радост на прилепчани.

На преполниот плоштад “Методија Андонов – Ченто”, публиката уживаше во стиховите на „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“…, но и гласовите на Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

Развиорени знамиња, стотици пееја во еден глас, една прекрасна атмосфера од која вредеше да се биде дел.

Битолските пожарникари деновиве се соочувале со вистински пекол: Во 48 часа спасиле и заштитиле 11 населени места и 11 цркви и манастири (ФОТО)

На 22.09.2023 и 23.09.2023, ТППЕ со сите свои расположливи средства и човечки ресурси (10 возила и 40 пожарникари), од кои некои пожарникари беа и без престан на терен (повеќе од 24 до 32 часа), успеа да се справи со неколку пожари на отворен простор од поголеми размери, при тоа заштитувајки и спасувајки 11 населени места и повеќе од 6 манастири и 5 цркви без направена материјална штета – стои во соопштението од Територијалната противпожарна единица Битола.

Соопштението подетално го пренесуваме во продолжение:

22.09. 2023
Вашарејца-Лознани-Ивањевци

Заштитено целосно село Лознани, спречено проширување кон соседни села, заштитен манастирот пред селото Лознани, како и манастирот помеѓу Лознани и Новоселани, спречено проширување кон населено место Ивањевци. На овој пожар екипите беа навредувани и попречувани во извршување на своите задачи

Дедебалци-Црничани- Арматуш

На овај пожар изразуваме благодарност на укажаната поддршка и помош на жителите на С. Арматуш

23.09.2023
Лознани-Новоселани-Ивањевци

Голема битка пожарникарите водеа со пламените јазици кои од сите страни се закануваа на населеното место Новоселани

Дедебалци-Црничани-Путурус-Мојно-Мусинци

Овде можеме да ја издвоиме борбата со пламените јазици во населено место Путурус, каде од сите четири страни огнот навлезе во селото и ветрот кој од минута во минута имаше променлив правец се закануваше кон секоја ќука. ТППЕ Битола со 5 екипи беше во селото и секој обид на пламените јазици да зафатат објект беше спречен. Голема благодарност во оваа интервенција до мештаните на Путурус, Мусинци, Мојно кои помагаа во линијата за спречување огнот да стигни до селата Мојно и Мусинци.

Орле-Маково-Рапеш

На крај исто така изразуваме благодарност до ЈКП Водовод кое со својата цистерна вршеше дотур на вода на возилата на ТППЕ Битола каде и да имаше потреба

Д-р Христијан Трпчевски од “Плодност“ и д-р Синиша Трпчевски од “Кlinicum Wels Austrija“, се едуцираа во клиниката “Хаген-Хаспе“ во Германија (фото)

Д-р Христијан Трпчевски од Болница “Плодност” од Битола и д-р Синиша Трпчевски од Кlinicum Wels Аustrija, беа на 15 дневна едукација во клиниката Хаген-Хаспе во Германија, кај д-р Јачек Кочижевски.

-„Herr Dr. med. dr hab. Jacek Kociszewski (неговата полна титула) е многу искусен и познат надвор од границите на Германија, како гинеколог-уролог, кој несебично го пренесува неговото знаење на сите, кои ја посетиле оваа клиника.

Неговиот тим има усвоено неколку алгоритми и препораки за прецизна дијагностика и поставување мрежа кај пациентките со уринарна стрес инконтиненција. За тоа имаат патентирано неколку инструменти и мрежички за решавање на оваа проблематика.

Она што ни остави впечаток е дека цел тим, а посебно д-р Kociszewski, несебично сакаше да го пренесе своето знаење на нас и активно не вклучи во предоперативната дијагностика на урогинеколошките заболувања, а особено во оперативната сала како асистенти.

Многу сме среќни што ги сподели несебично неговите искуства во третманот на уринарната стресна инконтиненција и пролапс на генитални органи кај жената, како и реконструктивна хирургија на карлично дно.

Иако млади, искуството со кое располагаме и техниките со кои работиме, му оставија голем впечаток на овој светски реномиран доктор, кој ни кажа дека вратите за понатамошна едукација на оваа клиника ни се отворени, односно ја отвори и можноста за активна соработка со Болница Плодност.

На овај начин, ја споделуваме нашата благодарност до д-р Kociszewski и неговиот тим во клиниката Хаген, еден од најпознатите гинеколошко-уролошки центри во светот“, рече д-р Христијан Трпчевски, по враќањето од клиниката во Германија.