дома блог страница 1006

Загрижувачки: Две пријави за тепачки помеѓу малолетници во Битола во еден ден – во едниот случај меѓусебе се тепале девојчиња

На 29.09.2023 во 14.30 часот Е.П.(38) од Битола пријавила дека на 28.09.2023 околу 12.00 часот, во двор од основно училиште во Битола, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик.

На 29.09.2023 во 16.30 часот И.Т.(41) од Битола пријавила дека околу 12.00 часот во Битола нејзината малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи – информираат од СВР Битола.

Во Прилеп отворена изложбата “Копнежот на светлината” од Душан Коцев (ФОТО)

Синоќа, 29.09.2023 во ликовниот салон од ЦК “Марко Цепенков”во Прилеп, беше отворена изложбата “Копнежот на светлината” од Душан Коцев.

Уметникот кој одбележува 30 години уметничко творештво се претставува со 22 дела. На отворањето Коцев рече:

“Моите дела се приказна на светлината и мракот, одраз на патот што го изминуваме во борба со светлината. Тие ни ја прикажуваат тежината на борбата, но ја подигнуваат светлината на надежта што несомнено се наоѓа во секој аспект на човековиот живот.Делата не потсетуваат дека светлината никогаш не избледува…Делата се доказ дека светлината може да биде најсилната креативна сила способна да ги осветли и најдлобоките аглови на човечката душа и да ни помогне да ја победиме темнината”.

Душан Коцев е роден во Радовиш. Годинава полно 30 години активно уметничко творештво. Досега реализирал пет самостојни изложба, а бил учесник на групни изложби во земјата и во странство. Осум години е организатор на Радовишката ликовна колонија.

Повторно несреќа на патот Прилеп-Градско: Се судрија товарно возило, “мини купер” и трактор – виновникот се дал во бегство, па бил фатен

На 29.09.2023 во 18.45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Дреново-Кавадарци, поточно кај место викано „Лазов мост“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, патничко возило „мини купер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(25) од с.Воѓани, прилепско и трактор со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(62) од Кавадарци.

По несреќата, возачот на товарното возило го напуштил местото, но по кратко време бил пронајден од полициските службеници и лишен од слобода, при што било констатирано дека станува збор за К.А.(47) од Р.Албанија, со престој во Кавадарци.

Во несреќата возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди, а возачот С.Б. со телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци – информираат од МВР.

Вест од студентски дом во Македонија: “Тинејџер од Таџикистан нападна момче од Пакистан”

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.А.М.(19) од Таџикистан поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 27.09.2023 во студентски дом во Тетово, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал Х.Т.(21) од Пакистан и му нанел повреди.

Одлука на РКЕ: Нови цени на горивата

Од денеска малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денари, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС ќе биде 95 87 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 89 денари, дизел горивото ќе чини 85,50 денари, екстра лесното масло 85 денари, а мазутот 48,715 денари за килограм.

Со оваа Одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 отсто во однос на одлуката од 29.9.2023 година.

Јовчески распали по неспособната влада: “Реакциите на граѓаните и бизнис секторот се комплетно оправдани”

Градоначалникот Јовчески со апел до Министерството за транспорт и врски:

– Реакциите на граѓаните и бизнис секторот во однос на „Реконструкцијата на улицата Леце Котески“ се комплетно оправдани, но јавноста мора да знае дека адресата на која што стигнуваат ваквите реакции е погрешна, затоа што Општина Прилеп не е ниту инвеститор ниту изведувач ниту пак надзор на овој проект.

Станува збор за проект за поврзување на локални патишта, финансиран од Меѓународна банка за обнова и развој-Светска банка, имплементиран од страна на Министерството за транспорт и врски а се спроведува од изведувач кој што по пат на тендерирање го имаат одбрано од истото Министерство.

Што се однесува до нашите обврски како Локална самоуправа на Општина Прилеп кои што се вклучени и во договорот кој што го потпишавме со Министерството, сакам да ја известам јавноста дека ја имаме доставено комплетната проектна документација, заедно со основниот проект, сите потребни извештаи, дозволи, потврди и сообраќаен режим.

Морам да истакнам за оваа улица која го поврзува нашиот град со соседните општини Крушево и Кривогаштани, дека наша обврска меѓу другото е да изразиме загриженост и да ги поддржиме нашите сограѓани во нивните оправдани реакции и барања, за што е можно побрзо завршување на овој проект од витално значење за Прилеп и прилепчани.

Денес сме тука на лице место и го слушнавме локалното население и дел од стопанствениците кои што имаат тука и производствени погони. Ставот на сите е дека движењето и транзитот на оваа улица се веќе неподносливо отежнати, дека трпат големи штети и по бизнисите и по своите возила, и дека ваквиот хаос временски се провлекува веќе неколку месеци. Токму затоа е и оваа реакција упатена кон Министерството, кон изведувачот и кон надзорот: Упатуваме апел да се води грижа за динамиката на работа на самата улица и етапно да се обезбедуваат поволни услови за движење на граѓаните и на возилата.

Во спротивно, ваквата незаинтересираност остава оправдан сомнеж дека работата можеби намерно се пролонгира, како би се создал што е можно поголем револт, кој свесно се насочува на погрешна врата, во случајот кон локалната власт, наместо кон централната.
Нашиот град и нашите сограѓани дефинитивно заслужуваат побрзо решавање на овој „горлив проблем“ што негативно се одразува врз нормалното секојдневно функционирање на прилепчани, а станува збор за една од најфреквентните улици во Прилеп.

Јас како градоначалник имам обврска да се грижам за сите наши сограѓани и за стопанството во нашата општина, затоа ги вложувам сите мои напори, а тоа ќе го правам и во иднина со цел Министерството да ги испочитува, ветувањата, роковите и динамиката за реализација, и заедно со Вас граѓаните ќе дејствуваме оваа сообраќајна артерија на градот да биде што побрзо во целосна функција.

Денеска е голем празник: Се празнуваат Св. Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија

Денеска се празнуваат Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија.

Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни дури беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите. Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога.

Празникот е посветен на жените и нивните деца, првенствено ќерки.

Се верува дека девојчињата треба да ги израдувате со некој подарок, колку и да е тој скромен. Ќе биде доволно да им посветите внимание и да им покажете колку ги сакате.

Иселениците инвестираат во Прилеп – Зошто ја бираат оваa градба?

На само 1.5 км од центарот на Прилеп, компанијата “Специјал градба” започна со реализација на нивната најнова мисија, а тоа е изградба на најсовремениот досега станбен комплекс во градот под Марковите Кули.

Објектот кој веќе е во напредна градба, се наоѓа на улица “Круме Беќар”, во населбата “Рид”, на широк простор, и според она што може да се види од плановите за изградба, ќе биде нешто за што прилепчани досега само можеа да сонуваат.

Станбениот комплеск – или HILL RESIDENCE располага со 9 типови на станови, чија површина се движи од 50 до 70м2, и истите ќе бидат изградени со целосна енергетска ефикасност.

Идните домови ќе бидат опремени со германски врати и дограма со двојни термопан стакла. Во зима топло, лете ладно, затоа што зградата ќе има изолација од 12цм, а впечатливо е и тоа што секој стан ќе има обезбедено високо ефикасно ладење, греење и најважното – бесплатно гаражно паркинг место.

Со три зборови: УДОБНОСТ, КВАЛИТЕТ И ФУНКЦИОНАЛНОСТ! Сето тоа и многу повеќе ќе добиете, ако HILL RESIDENCE биде вашиот избор за нов дом.

И секако побрзајте! Затоа што HILL RESIDENCE веќе ги доби своите први сопственици на станови, кои едвај чекаат изградбата да заврши и да се вселат во својот дом од соништата. Контактирајте на следниот телефонски број: 073 333 300 и закажете средба.

Плановите од становите и сите останати проекти на “Специјал Градба” можете да ги погледнете ТУКА

ЗА КОМПАНИЈАТА ИНВЕСТИТОР НА HILL RESIDENCE:

“Специјал Градба” e компанија основана во 2011 година, која за време на досегашното постоење, се најде на листата на 200 најуспешни компании, направена од Европската бизнис асоцијација во Македонија.

Компанијата е позната по тоа што во објектите кои ги градат користат градежни материјали со одлични термички, акустични и хидроизолациски својства, и сето тоа исклучиво од лиценцирани произведувачи. Мисија на компанијата е изградба на високо енергетско-ефикасни објекти, се со цел задоволни клиенти преку заштеда на енергија, но и намалување на негативните влијанија врз животната средина, што пак ја покажува општествената одговорност на компанијата.

Пожарникари од Прилеп синоќа се степале додека биле на работа

На 28.09.2023 во ОВР Прилеп, В.Т. од Прилеп пријавил дека во просториите Територијалната противпожарна единица во Прилеп бил физички нападнат од неговиот колега Љ.П..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – стои во дневниот билтен на МВР.

Ќе заработува ли оваа влада од онлајн коцкарници?

Владата влегува во војна со бизнис сектор кој вработува над 10 илјади луѓе и дава 280 милиони евра во буџетот, пишува порталот Експрес.

Владината одлука за отпочнување постапка за основање три нови друштва за приредување интернет игри на среќа индиректно ќе значи клуч на врата за постојните приредувачи на игри на среќа, предупреди Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) на денешниот брифинг со новинарите.

АСОМ изрази силна осуда за одлуката која ќе ја доведе во прашање егзистенцијата на постојните приредувачи на игри на среќа, кои веќе имаат инвестирано во кадар, опрема и простор. Станува збор за сериозни работодавачи со над 10.000 вработени, кои плаќаат данок на државата од околу 280 милиони евра годишно и придонесуваат за општеството.

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.