Веќе се бара маса повеќе! Најдобарата пица во Прилеп отсега во нов топол амбиент и нов уреден стил (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Да се допре до нечие срце и да се изнудат воздишки не е лесно, но ним и тоа како им успева во изминатите години. Омиленото гастрономско место на прилепчани сега зрачи со нов маестрален изглед.

Од викендов одново се отворени вратите на “PIZZA BAR ACADEMY”, каде сега ќе ве дочека нов аристократски амбиент, нешто што е реткост за градот под Марковите Кули.

Благодарение на “Академи”, Прилеп освен со највкусната скара, во изминатите години може да се пофали и со одлична понуда на пици, чиј вкус и мајсторија го доближија нашиот град до светскиот дом на пицата – Неапол.

Работењето со многу љубов, посветеност и огромна енергија, ја освои довербата на прилепчани, но и на секој гостин во нашиот град, па токму затоа сопствениците не застануваат тука и оваа успешна гастрономска приказна ја “облекоа во ново руво”.

За нив задоволство е насмевката на вашето лице и спокојот во вашата душа, кои со сигурност ќе ги понесете со себе, знаејќи дека сте вкусиле нешто што е единствено во градот.

Фотографиите кажуваат се’, а вие побрзајте и почестете ги вашите најблиски со некој од многуте новитети oд менито на PIZZA BAR ACADEMY.

Наздравје!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.