дома блог страница 1005

Ја допирал по нозете, па ја нападнал и неа и нејзината колешка: Жител на прилепско Веселчани лишен од слобода!

На 30.09.2023 во 09.00 часот во с.Веселчани, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.П.(23), затоа што околу 06.00 часот допрел по ногата 19-годишна девојка, а потоа физички ги нападнал неа и нејзината 18-годишна колешка.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок – информираат од СВР Прилеп.

Aпел за донации од црковниот храм Св. Петка во “Точила”: Да помогнеме да се изгради продавницата за свеќи

Црковниот храм Света преподобна маченица Параскева (Петка) – Римјанка во населбата “Точила” во Прилеп, упати апел за донации до верниците.

Потребни се парични средства за да се изгради продавницата за свеќи во дворот на црковниот храм, а сите кои се во можност донациите можат да ги уплатат на следната жиро сметка:

Прилепчанка паднала во автобус и се здобила со тешки телесни повреди

Прилепчанка паднала во автобус и добила тешки телесни повреди. Случајот бил пријавен вчера во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена Ч.М.(67) од Прилеп. При извршен службен разговор со полициските службеници, таа појаснила дека со повредите се здобила на 29.09.2023, при пад во внатрешноста на автобус, додека се превезувала како патник од Транспортен центар кон блискиот трговски центар.

Од страна на полициските службеници службен разговор бил извршен и со возачот на автобусот.

После цела ноќ борба со огнените јазици, ставен под контрола пожарот во прилепско, кој се простираше во радиус од 20км – гаснеше и градоначалникот! (ФОТО)

Големиот пожар кон вчера попладнето изби во близина на прилепското село Мало Рувци, утрово е ставен под контрола. Во големата огнена стихија изгореа неколку куќи во селото Мало Рувци, како и трпезаријата од селската црква. За среќа се работи за куќи кои се или напуштени, или нивните сопственици ги користеле како викендици, па нема човечки жртви.

Огнот зафати и огромна површина со трева, а наместа гореше и борова шума. Должината на протегање на огнената стихија беше од Мало Рувци, па се до Канатларци, а огнот опасно се закануваше да се прошири и кон Штавица.

Во гаснењето освен екипи на ТППЕ, се вклучија и повеќемина доброволци, како и вработени во јавните градски претпријатија. Гаснеше и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој апелира да не се пали оган во шуми и да престане палењето на стрништа од поединци.

Јовчески информира дека состојбата е сега ставена под контрола и пожарот е целосно локализиран.

Вардар демонстрираше сила во Прилеп: Велески и момците немоќни пред двократниот европски шампион (ФОТО)

Двократниот европски шампион синоќа се прошета во Прилеп и на домаќините им го нанесе вториот овосезонски пораз во ракометната Супер лига со 22-35 (11-18 на полувремето)

Победата на вардарци во ниту еден момент не беше доведена во прашања, а прилепчани имаа водство само на стартот од натпреварот со 1:0.

Иако домаќините влегоја мотивирани во овој натпревар и со желба да направат некакво изнандување, сепак Вардар е Вардар и не си дозволи таков луксуз.

Кај РК Прилеп на Никола Цветаноски уште еднаш ја покажа својата класа постигнувајќи 8 погодоци. А конкуренција му беше вардарецот Матија Николиќ кој реализираше дури 11 пати.

Прилепчани во наредното коло ги очекува гостување кај Мулти Есенс.

Притвор за Албанец кој претекнувал на полна лента на патот Прилеп-Градско и предизвикал несреќа!

Основното јавно обвинителство Кавадарци донело наредба за спроведување истражна постапка против државјанин на Република Албанија со привремен престој во Кавадарци, за кого, како што појаснуваат од Обвинителството, „постои основано сомнение дека сторил тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик“.

– На регионалниот пат Р1103 Кавадарци – мотел Дреново, на 29 септември, осомничениот под дејство на алкохол во крвта, управувал со товарно возило „Форд транзит“ во сопственост на кавадаречка фирма. Кога пристигнал кај местото викано „Лазово мовче“, пред него се движела работна машина – трактор со приколка. На место забрането за престигнување, обележано со полна линија, во близина на кривина во лево, осомничениот започнал да го престигнува тракторот и тоа без да ја прилагоди брзината на возилото. Со предниот дел од камионот, при престигнување удрил во задниот дел на приколката, се вели во соопштението од Обвинителството.

Тракторот излетал од коловозот во лево, а камионот се извртил странично на спротивната сообраќајна лента, удирајќи во автомобил „Мини купер“ со прилепски регистарски ознаки кој доаѓал од спротивен правец.

Во несреќата, како што појаснуваат од Обвинителството, возачот на тракторот се здобил со тешка телесна повреда, со телесни повреди се здобил и возачот на прилепскиот автомобил, а шоферот на камионот го напуштил местото на настанот.

– Бидејќи постои опасност од бегство, по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Кавадарци определи мерка притвор во траење од 30 дена за осомниченото лице, соопштија од Обвинителството.

Борачките направија растур, а одлични и младите борачи: БК “7-ми Мај” се врати со 7 освоени медали од меморијалниот турнир “Јован Димитров” во Неготино

Денеска во Неготино се одржа меморијалниот турнир во борење “Јован Димитров”. На турнирот учество зеде и прилепскиот клуб “7-ми Мај”, a нивните борачи и борачки забележаа одлични резултати:

Во женса конкуренција прилепскиот клуб освои три први и едно второ место.

Ангела Трајкоска – 1-во место во категорија до 48кг,
Тамара Цветкоска – 1-во место во категорија до 57кг,
Анабела Стојаноска – 1-во место во категорија до 54кг,
Марија Велјаноска – 2-ро место во категорија до 44кг.

Во машка конкуреција прилепчани стигнаа до три бронзи. Со медали се закитија: Андреја Трајкоски во категорија до 28кг., Стефан Аризанкоски во категорија до 36кг. и Антонио Цветаноски во категорија до 30кг.

АПЕЛ ЗА ПОМОШ од црковниот одбор на црквата Рожденство на Пресвета Богородица во Штавица: Дојдете сите кои сте во можност! Огнот брзо се шири! (ФОТО)

Голем пожар попладнево пламна во близина на прилепското село Мало Рувци. Зафатена е голема површина со сува трева, а наместа гори и борова шума. Пожарот се шири кон селото Штавица, па од црковниот одбор на црквата Рожденство на Пресвета Богородица во ова село, упатија апел за помош до сите граѓани кои се во можност да дојдат и да помогнат во гаснењето.

-Повик до сите штавичани и прилепчани кои се во можност да помогнат во гаснење на пожарот, кој се шири од с. Мало Рувци, кон село Штавица. Секој кој може нека помогне! – стои во апелот за помош.

Голем пожар кај прилепско Мало Рувци: Зафатена е голема површина, пожарот се шири кон село Штавица (ФОТО)

Голем пожар попладнево пламна во близина на прилепското село Мало Рувци. Гори сува трева, а на места и борова шума. Пожарот се простира на голема површина и се шири кон целото Штавица.

Екипи на ТППЕ Прилеп се излезени на терен. Засега нема информации која е причината за овој најнов пожар во околината на Прилеп.

САСА-ПОБЕДА од двојка во кец! Црвено-белите се жалат на лошото судење во Македонска Каменица

Екипата на САСА од Македонска Каменица стигна до првата сезонска победа во Втората фудбалска лига, откако попладнево со пресврт во второто полувреме триумфираше на Победа со 2:1.

Црвено-белите водеа на полувреме со голот на Дарко Грозданоски во 45-та минута, а во вториот дел САСА дојде до пресврт со головите на Сашо Дуков, најпрво во 63-та минута од белата точка, и во 88-та минута.

Прилепчани после натпреварот се пожалија на судењето на овој натпревар, а за главниот судија велат дека досудил непостоечки пенал.

Всушност, на натпреварот во Македонска Каменица, правдата ја делеше истиот судија кој пред неколку кола исклучи тројца играчи на Победа, на натпреварот против Осогово во Прилеп.

Со овој нов пораз Победа тони на табелата и сега е на 11-то место со само 8 освоени бода после 7 одиграни кола. Наредниот викенд црвено-белите ќе ја дочекаат екипата на Детонит Плачковица.