Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва ќе гостува на ТВ Алфа.
-Следете го моето гостување на ,,Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа, вечерва од 22:30 часот, пишува Мицкоски на Фејсбук.
Необична несреќа се случила денеска околу пладне кај кружниот тек “Солидност” во Прилеп. Наш сограѓанин кој управувал со запрежна кола, во еден момент изгубил контрола врз коњот кој го влечел.
Во еден момент животното скока преку зелениот појас на улицата, а колата речиси целосно се распаѓа. Човекот едвај спасил жива глава и за среќа завршил со полесни повреди.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12% во однос на одлуката од 27.7.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,790%, кај дизелот за 3,634% , кај екстра лесното масло зголемувањето е за 3,668% и кај мазутот зголемувањето е за 3,143%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,422%
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,204 ден/кг и сега ќе изнесува 43,542 ден/кг.
Од 1.8.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,542 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.8.2023 година.
Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, се вели во соопштението од РКЕ.
Сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на блефот на министрите од ДУИ дека доколку опозицијата ги изгласа уставните измени тие се спремни да заминат во опозиција.
Пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, на министрите од ДУИ им порача, наместо оставки, да си подготват одбрани.
„Доста глумење жртви, разум и европски вредности зашто вие сте сѐ, освен тоа. И, да, може и фудбал да ви дозволат да играте во затвор, се разбира – ако сте послушни“, вели таа.
Пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска вели: „Министрите може и пресуди да си потпишат, нивен проблем“.
На социјалните мрежи таа пишува дека проблем на народот е нивниот криминал, нивното беззаконие, нивната алчност, нивната неписменост да прават и да потпишуваат штетни договори за Македонија.
„Овие проблеми ќе се решат, одговорност ќе има! Дополнително, како на мало дете, да повториме за власта во заминување: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата НЕМА да гласаат за уставните измени под бугарски диктат“, вели Стаменкоска-Трајкоска.
„Евтини трикови не ви проаѓаат повеќе. Оставките ќе ви ги завери македонскиот народ на следните парламентарни избори по што следниот натпревар во фудбал ќе го изиграте во ‘Идризово’“, коментира Мирче Аџиоски.
Пратеникот Миле Лефков смета дека министрите не се учесници во процесот на менување на Уставот и со оставките ја злоупотребуваат својата положба.
„Министерските места што си ги користеа за бизниси, за рекет, за провизии, за обезбедувања блиски, од денес јавно се користат и за ПОСРЕДУВАЊЕ при спроведување туѓи барања! Министрите НЕ се учесници во процесот на менување на Уставот, со ова ја злоупотребуваат својата положба и се обидуваат ПРОТИВПРАВНО да ПОСРЕДУВААТ во туѓ интерес! Кривично дело по дефиниција! Противправно посредување чл. 359 од КЗ.
(2) Тој што со искористување на својата службена или општествена положба или влијание ќе посредува да се изврши службено деіствие што не би смеело да се изврши, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години“, напиша тој.
На 30.07.2023 во 22.44 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Батаљон Стив Наумов“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет авео“, управувано од Н.П.(20) од Битола и патничко возило „бмв“, управувано од Л.М.(28) од Битола, двете со битолски регистарски ознаки.
Во несреќата, Л.М. се здобила со тешки телесни повреди, додека сопатникот Д.Ј.(35) од Битола се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.
РКЕ денеска ќе заседава на состанок со членовите, по што ќе донесе одлука за нови цени на горивата вечерва по полноќ.
Во меѓувреме, овие се актуелните цени на горивата:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,338 (денари/килограм).
По завршувањето на состанокот на надлежните од РКЕ, дополнително ќе информираме за новите цени на горивата кои ќе важат вечерва по полноќ.
Во организација на олдтајмер клубот “Автомото Класика” – ПРИЛЕП, вчера во населбата “Точила” се одржа првиот олдтајмер Авто-Слалом, кој предизвика голем интерес кај прилепчани.
Трката беше од ревијален карактер и беше поддржана од Општина Прилеп и FIVA Македонија.
На настанот присутен беше и градоначалникот на општина Прилеп, кој ја поздрави организацијата.
Извадоци од полицискиот билтен на МВР:
На 30.07.2023 во 01.15 часот во Прилеп полициски службеници од Полициската станица Прилеп ги лишиле од слобода Х.М.(34) и Б.С.(33), двајцата од Прилеп поради тоа што физички го нападнале Д.Ј.(30).
На 29.07.2023 во 20.00 часот Ш.Џ. од Прилеп пријавил дека во Прилеп тој, А.Џ., М.Џ., и А.Џ. биле физички нападнати од неколку лица.
На 30.07.2023 во 03.00 часот М.Н.(45) од Прилеп пријавил дека на 29.07.2023 околу 21.00 часот во Прилеп неговиот малолетен син бил физички нападнат од Е.О.(21) од Прилеп.
По целосно документирање на сите случаи ќе следат соодветни поднесоци.
29-годишниот Драгомир е момчето кое беше повредено, прободено со нож, при инцидент меѓу навивачите на Левски и лица од Скопје.
Тој е на одделението за интензивна нега. Вчера беше опериран. Неговата состојба е стабилна, но сериозна.
Во Скопје пристигнала и неговата мајка. За медиумите раскажа во каква состојба е, и дали ќе биде пренесен во Бугарија.
„Ѓаволчето е живо, можеше и полошо“, рекла загрижената мајка.
Лекарите не препорачуваат младото момче да биде транспортирано во наредните денови, бидејќи неговата состојба не го дозволува тоа.
На прашањето дали неговите напаѓачи се идентификувани, таа вели: „Да им оставиме на дипломатските власти. Официјалните власти нека ги тераат работите, како мајка дојдов да го видам. Откако го видов, веќе сум добро, покрај него сум“.
Според неа, само прашање на време е кога ќе се транспортира назад во Бугарија.
Инцидентите меѓу навивачите ги осудија и двете држави.
„Очекуваме надлежните органи во Република Северна Македонија да ги преземат неопходните активности за ефикасна истрага и спроведување на правдата во врска со сериозниот инцидент“, велат од Министерството за надворешни работи на Бугарија.
Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи пак повика односите меѓу фудбалските фанови да не се врзуваат за односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Тој потсети дека Министерството за надворешни работи на Северна Македонија веќе ги осуди инцидентите и побара сторителите да одговараат.
Уште еден пратеник од албанскиот политички блок најави дека нема да ги поддржи уставните измени.
Запрашан дали ќе гласа за уставните измени, единствениот пратеник на Движењето Беса, Фадил Зендели за ТВ21 изјави дека нема да гласа за предлогот кој не вклучува отстранување на терминот „20 проценти“ што се однесува на албанскиот јазик.