Од полноќ поевтинуваат Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Еуросупер БС-95 се намалува за еден денар, а Еуросупер БС-98 за половина денар.
Согласно одлуката на РКЕ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 86 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 88, 5 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 86 денари за литар.
Непроменета останува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство.
Со новата одлука на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,25 проценти.
Правниот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола, претставуван од деканката проф. д-р Светлана Вељановска и “Голд Слот Клуб”, претставуван од раководителот на правниот сектор Томислав Дивјаковски, потпишаа меморандум за соработка.
-Во рамките на престојната соработка е планирано стипендирање на студенти, како и можности за практикантска работа на студентите од Правниот факултет. Оваа соработка ја нагласува огромната вредност што општествено одговорните компании можат да ја донесат во општеството, особено преку поддршка на образованието и професионалниот развој на идните академски граѓани – стои во соопштението од ПФК Битола.
Aвто сервис и шлеп служба “Малибро” е компанија која успешно функционира во Прилеп, но за нивните услуги се јавуваат и од сите краишта на државата и странство.
Компанијата врши шлеп услуги, влечење и транспорт за сите видови возила и обезбедуваат брзи, сигурни и евтини услуги.
Од “Малибро” се подготвени да одговорат на сите ваши итни потреби за помош на пат, се со цел брзо, лесно и што побезболно да ги пребродите ваквите несакани последици.
Услугата од компанијата подразбира пристигнување во точно договорено време, пристигнување до саканата локација, кревање на возилото, транспорт до саканата локација, превоз на сопственикот на возилото во кабината, или ако сте во странство, во заменско возило кое ќе го обезбедат од компанијата.
Ете затоа “Малибро” за брзо време стана вистински лидер во оваа дејност во регионот.
Покрај шлеп услуги, од компанијата нудат и превоз со комбе Мерцедес VITO до 8 патници, како и најдобар квалитет на авто стакла и монтажа за сите видови на патнички и товарни возила.
Достапни се 24 часа на ден, 7 дена во неделата! Плаќање на фактура и со картичка! Запомнете го контактот, затоа што не знаете кога ќе ви затреба (070/700-120 и 071/855-100).
Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.Ј.(37) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.
На 30.09.2023, во угостителски објект во комплекс „Нов пазар” во Битола, пријавениот физички го нападнал И.В.(38) од Битола, при што употребил дрвен предмет.
По преземени мерки, полициски службеници го пронашле и привеле пријавениот.
Тој бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор – информираат од СВР Битола.
Битолчанка во пратка со храна му испратила хероин на затвореник во КПУ Затвор Битола.
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(42) од Битола и Е.К.(30) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, информира МВР.
– На 11.01.2023 во Казнено-поправната установа Затвор Битола, при претрес на пратка со прехранбени продукти, наменета за второпријавениот, бил пронајден хероин, кој му го испратила првопријавената, соопшти МВР.
На социјалните мрежи се споделува видео од возило на Брза помош кое во ноќни часови се користи за превоз и растовар на столчиња за потребите на казино.
Видеата се постирани во текот на денов, па се претпоставува дека превозот и растоварањето се случило викендов. Едно од видеата е на порталот ТетоваСот.
Со отпаден инертен материјал и отпадна земја се покрива и последната опожарена ќелија на депонијата во Алинци. Депонијата веќе е целосно заштитена за што се употребени над 3500м3 покривка. Огнот целосно беше локализиран во саботата, за што од средата при избивањето на првиот пожар од јужната косина и сртот беше ангажирана градежна механизација, цистерни и товарни возила за дотур на материјал за покривање – информираат од ЈКП Комуналец Прилеп.
-И покрај локализирањето на првиот пожар од 26. 09. 2023 година, на 28.09.2023 година( петок), од сега непознати причин рано утрото, околу 04:00 часот, од западната косина па се до сртот, неочекувано изби и вториот поголем пожар за кој исто стручните лица од ,, Комуналец”, сметаат дека е подметнат. Брзото проширување на огнот повторно зафати голем дел од платото, кое за среќа редовно се покрива со земја и не дозволи огнот да се шири кон средината на депонијата. Со огромна стручна помош од ДЗС, ангажирањето на комуналните работници, ТППЕ, и дополнителен ангажман на градежни машини и транспортни возила од вчера е изгасната и последнат опожарена ќелија на депонијата која зафаќа пристор од 28.600м2 – стои во соопштението од ова јавно претпријатие под чија надлежност е градската депонија кај Алинци.
Катастрофалните политики и немањето ниту малку доблест и грижа за студентите, доведе до создавање на трул систем од кој се повеќе млади се разочаруваат и својот спас го гледаат надвор од границите на Македонија – истакна на прес конференција Илија Ристески од Прилеп, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:
На само ден пред почетокот на академската година, над 200 студенти од цела Македонија, се уште се наоѓаат на фамозната листа на чекање, а притоа немаат добиено никаква информација за тоа дали воопшто се примени во еден од студентските домови или пак во кој студентски дом ќе бидат сместени.
Над 200 млади студенти кои решиле да се посветат на градење сопствена иднина во Македонија, се оставени во неизвесност, несигурност и без гарантиран покрив над глава.
Сето ова, е резултат на неспособните партиски кадри на социјалдемократската младина, кои во моментот се кријат и не даваат никакви одговори во однос на овие прашања, бидејќи за нив студентите и младите се секогаш на последното место во приоритетите. Овие пропаднати и некадарни поединци, се уште не даваат никаков одговор околу тоа дали студентите, во 21 век и 2023 година, воопшто ќе имаат обезбеден доручек за кој самите плаќаат при престојот во студентските домови.
Студентите од 2017 година па навака, сведочат на едно системско уништување и рушење на соништата на младите, на воспоставените пракси, и со тоа удираат врз она што е најважно за една држава – образованието и иднината. Од таа 2017 година, која наместо година на надеж како што тие ја претставуваа се претвори во кобна година за Македонија и македонскиот народ, студентските домови кои беа целосно реконструирани во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, како и за сите останати капитални проекти во државата, се оставени да скапуваат, а младите се упатени да преживуваат со 140 денари и супстандардни услови карактеристични за животот во минатиот век.
Оваа негрижа и свесно уништување на малкуте работи кои останаа на користење на младите, укажува на тоа дека близу 1500 легла наменети за студенти низ Македонија се празни. Ниту трага ниту глас од оние кои заминаа и кои оваа власт ќе ги враќаше да ги подигнат патиките од пред влада, ниту трага ниту глас од студентскиот град со кој се фалеа, ниту трага ниту глас од надежта и иднината кои тие ги ветија пред цели 6 години.
Уништувањето на се што им беше оставено во студентските домови претставува и соодветна метафора за тоа што се случува во Македонија во последните 6 години. Целото газење на достоинството на секој еден граѓанин се однесува и на студентите, а лажните ветувања се однесуваа и на младинските политики, но и на прашањата како националните интереси.
Почитувани,
Ви се обраќаат токму оние кои останаа во Македонија, решени да се борат против вашиот криминал и неправди, младите од кои вие најмногу се плашите. Младите на кои им ветувавте многу, а не им испорачавте ништо.
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе ги преземе сите расположливи механизми за адресирање и решавање на овие проблеми, институционално, но и вон институциите или на улиците доколку има потреба. Лажните борци за младите и кадрите на социјалдемократите треба да бидат свесни за злоделата кои ги нанесоа на секој еден млад човек во Македонија. Одговорност, ќе има!
Во организација на најпознатиот боди билдер од Битола – Зоран Лазаревски Паљо и боди билдинг федерацијата на Македонија, синоќа во големата сала на Домот на културата се одржа вториот по ред “Паљо класик опен 2023“.
Популарниот Паљо на едно место ги собра најдобрите боди билдери и боди билдерки од цела Македонија, и приреди шоу за паметење кое траеше цели 2 и пол часа.
Салата во Домот на културата во Битола беше исполнета до последно место, а имаше и што да се види. На сцената продефилираа голем број боди билдери и билдерки, кој од кој подобар.
Секако најголем интерес предизвикаа девојките, а една од оние кои пленеше беше младата прилепчанка Андреа Аврамоска, која освои сребро во категоријата бикини фитнес. Андреа е вистински пример за тоа како се постигнуваат врвни резултати со напорна работа и посветеност.
Ова беше нејзино прво натпреварување, а во остварување на нејзиниот сон и помогна уште една шампионка, Ангела Гелинческа и “Еlite Gym”.
Честитки до Андреа за постигнатиот успех и желби за уште поголеми достигнувања во иднина!
Фудбалерите на Победа лошо ја започнаа сезоната во Втората фудбалска лига и после 7 одиграни кола освоија само 8 бода. Поразот од Саса во Македонска Каменица викендов ги смести прилепчани на 11-то место на табелата, па јасно беше дека нешто треба да се менува.
Пред домашниот натпревар против Детонит Плачковица, кој идниот викенд ќе се игра на стадионот “Гоце Делчев”, Победа ќе има нов тренер.
Од клубот информираат дека постигнале меѓусебен договор со тренерот Филип Мирчески за престанок на соработката и дека за многу скоро време црвено-белите ќе добијат нов предводник на клупата.
Останува да видиме кој че се одлучи на ваков храбар потег, да ја преземе Победа под своја палка, особено сега кога клубот е веќе далеку од местата кои носат пласман во најелитното фудбалско друштво кај нас.