дома блог страница 1002

Ученици од пет училишта од Прилеп учествуваат на едукативни работилници на МТФ „Војдан Чернодрински“ (ФОТО)

Во текот на наредните седум месеци ќе ги изучуваат театарските процеси преку вежби и гостувања на театарџии, и тоа врз еден од текстовите на Горан Стефановски, како автор во фокус на 58. издание на фестивалот

Вториот циклус од едукативните работилници во рамките на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ започнаа изминатиот викенд во Прилеп. Пет училишта од општината Прилеп, ни се придружија годинава на новото театарско-едукативно патување, кое ќе трае во наредните шест месеци, а резултатите од сработеното, ќе ги видиме на претстојното 58. издание на фестивалот, кој годинава ќе се одржи од 7 до 14 јуни.

На вториот циклус едукативни работилници што ги предводи режисерот и едукатор Милош Б. Андоновски од „Театар за сите“ од Скопје, ќе учествуваат ученици од општинските основни училишта „Добре Јованоски“ и „Блаже Конески“, како и од средните општински училишта „Ристе Ристески – Ричко“, „Мирче Ацев“ и „Ѓорче Петров“. Во просториите на прилепскиот театар тие ја одржаа првата средба, под менторство на актерите Илија Волчески и Игор Трпчески. Учениците заедно и со нивните наставници-ментори, разговараа и презентираа за театарските процеси.

Во текот на наредните седум месеци ќе се изучуваат театарските процеси (режија, актерство, драмско пишување и драматургија, костимографија, сценографија) практично, преку вежби и гостувања на театарџии. Целата содржина ќе биде работена врз еден од текстовите на Горан Стефановски, како автор во фокус на 58. издание на фестивалот.

-Едукативните работилници на МТФ „Војдан Чернодрински“ се дел од придружната програма на фестивалот, што ја започна фестивалот од последното 57. издание. Мотивирани од големиот успех и интерес што го предизвика кај учениците и наставниците, и годинава оваа активност сакаме да ја надградуваме. Свесни сме колку е важно учениците да бидат вклучени директно во создавање театарско дело, да дишат во ритамот на театарот, да истражуваат, а и особено да имаат можност тоа да го работат со театарски професионалци. Едукативните работилници се мотивирачки и за наставниците, кои изразија волја да ја продолжат работата и ја вклучат во нивната настава – велат од фестивалот.

Граѓаните да бидат спокојни, веста за наводни киднапери на деца е лажна, велат од МВР

Откако изминатите два дена на социјалните мрежи се прошири вест за наводни киднапери на деца кои со црно комбе се движат во прилепско, МВР ги демантираше информациите.

-Нема ниту едно одземено дете, ниту било какви киднапери. Апелираме да не се шират дезинформации по социјалните мрежи кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните. Полицијата е присутна насекаде и ја гарантира безбедноста на граѓаните – велат од МВР.

Нема да има откуп на тутунот без зголемени цени: Претседателот на Сојузот, Стомнароски, вели дека нема да отстапат

Нема да дозволиме да почне откупот на тутунот, ниту да поставиме повереници на вагите додека не се зголемат откупните цени на тутунот. Некои помали компании сакаа да почнат денеска со откуп, но ние не отстапуваме од ставот за повисоки цени, изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

Од 15 ноември претпријатијата може да почнат со откуп на тутунот, а најдоцна до 15 декември треба да ги отворат пунктовите. Мострите тутун се запечатени, според законскиот рок.

– Нема да отстапиме од ставот за повисоки откупни цени на тутунот за да имаме исплатливост за производство. Додека не се зголемат цените нема да поставиме повереници на откупните пунктови. За тоа се информирани фирмите. Нашето барање е цените да се зголемат. И ќе преговараме за тоа, рече Стомнароски.

В понеделник во министерстерството за земјоделство е закажана средба со откупувачите. Ќе присуствуваат и претставниците на тутунарите.

– Ја очекуваме поддршката од Министерството за тоа дека производството само со исплатливост, со реални цени, може да опстои како стратешка култура. Вака, нема интерес и не само кај младите генерации, рече Стомнароски.

Годинава производството на тутун е за една третина намалено. Ако лани беа околу 21 000 тони, годинава се 13 000 до 14 000 тони тутун, иако со компаниите се договорени количества од 26 000 тони тутун.

– Тутунот е со висок квалитет, ама количински е малку. Влијаеја климатските изместувања, кога се садеше беше дождливо, калливо, кога растеше беше сушно. А друга причина е што нема кој да го произведува, зашто за младите генерации не е атрактивно и исплатливо, заклучува Стомнароски.

Лани се постигна просечна откупна цена од преку 290 денари за килограм. Инаку, по класи, моментално цените се: за прва 300, за втора 240, а за трета класа 180 денари. Тутунарите сакаат реална цена да им ги покрие трошоците и да имаат исплатливост.

Годинава тутун ќе купуваат 10 компании кои, според Сојузот, обезбедиле гаранции дека ќе го платат откупеното. Во земјава со тутунопроизводство се занимаваат околу 17 000 семејства.

Дела на 14 уметници, во петок ќе бидат изложени во Галеријата при “Марко Цепенков” во Прилеп

На 17.11.2023 г. (петок) со почеток од 19.00 часот во Ликовната Галерија при НУЦК „Марко Цепенков’-Прилеп ќе биде отворена изложбата „ПОД НУЛАТА“.

За изложбата

„ПОД НУЛАТА“ е мулимедијален проект во кој учествуваат група ликовни уметници коишто ги истражуваа проблемите и решенијата поврзани со глобалното затоплување.

Со дела на изложбата ќе се претстават:

Анита Јовеска
Атанас Атанасоски
Бојана Артиновска Трпческа
Викторија Димеска
Давид Атанасоски
Дарко Талески
Елена Димоска Николоска
Маја Ралева-Миладиновски
Марјан Стојаноски
Методи Исков
Филип Јовески
Филип Перески
Христијан Нашуловски
Христина Мазнеска

Носител на проектoт : м-р Викторија Димеска
Организатор: Бојана Артиновска
Графички дизајнер: Александар Ставананџија
Музички изведувачи: Дуо Воллчело
Проектот се реализира со поддршка од: Министерство за култура и НУЦК „Марко Цепенков“.

Битола: Му ги начекал клучевите оставени на бравата, па му го “здиплил” автомобилот

Вчера (15.11.2023) во 20.00 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода Д.Р.(37) од Битола.

Тој се сомничи дека на 15.11.2023, околу 19.11 часот во Битола, на ул.„Булевар Први Мај”, користејќи го тоа што клучевите биле оставени на бравата, одзел патничко возило ,,сеат” со битолски регистарски таблички.

Од страна на полициските службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола возилото било пронајдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против Д.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Отстранете ја влагата со три состојки и спречете повторно појавување

Есента и постудените денови со себе носат проблеми со влагата кои се јавуваат во многу домаќинства.

Експертот за чистење Шантел Мила споделува рецепт за едноставен домашен спреј кој ја отстранува мувлата и не дозволува да се врати.

Таа го сподели рецептот за отстранување на мувла во видео објавено ТикТок. Користи само оцет, масло од каранфилче и масло од чајно дрво за нејзиниот раствор со брзо дејство.

Во чаша оцет се додаваат 20 капки масло од каранфилче и 20 капки масло од чајно дрво. Течноста се истура во шише со спреј. Шантел објаснува дека киселоста на оцетот помага да се ослободите од мувлата, а маслото од каранфилче служи за слична цел, бидејќи неговите антигабични својства ги убиваат и спорите на мувлата.

Исто така, маслото од чајно дрво делува против габи и бактерии и е способно да ги убие сите видови мувла и да го спречи нивното повторно појавување.

Ни доаѓа студен бран и врнежи од снег – Температурите ќе паднат под нулата

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, претпладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер. Попладне под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно и студено со слаби локални врнежи претежно на повисоките места и на планините каде ќе бидат од снег. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.

Во недела времето ќе биде претпладне променливо облачно со провејување на слаб снег, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен северен ветер.

Од УХМР најавуваат и снег

Денес ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во петок ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и локални слаби врнежи претежно на повисоките места и на планините каде ќе бидат од снег.

Битолската вршеше претреси за нелегално поседување оружје: Приведен и 76-годишен битолчанец

Денеска (15.11.2023) полициски службеници од СВР Битола, со судски наредби, извршија претреси на повеќе локации во Ресен и Битола, поради сомнение за сторени кривични дела по член 396 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на К.Р.(41) во с.Штрбово, ресенско, биле пронајдени три пушки, три пиштоли различен калибар и поголемо количество на муниција, исто така, различен калибар. Тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Во импровизирана работилница во Битола, сопственост на Б.Г.(76) од Битола, биле пронајдени шест пушки (две ловечки, три воздушни и една импровизирана) и поголема количина на различни делови за оружје. Б.Г. е повикан на службен разговор во полициска станица.

По целосно расчистување и документирање на настаните против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Потег за почит! Ученици, родители и фирми, собраа вредна донација за социјално загрозено семејство од Прилеп (ФОТО)

Често велите “Би дал, но само на оној кој заслужува”. Добро е да се даде на оној кој моли, но подобро е да се даде незамолен…или како викаат…Таа рака што дава не се суши… – напиша директорот на ООУ “Климент Охридски” Прилеп, Ахил Јаков на својот ФБ профил, кој денеска предаде вредна донација на социјално загрозено семејство на ученик од ова училиште.

-Како и секоја година ООУ “Климент Охридски” Прилеп докажа дека се грижи за своите ученици од ранливите категории. На акцијата “донирај биди хуман” нашето училиште собра 150.000ден и му помогна на социјално ранливо семејство кое имаат потреба од тоа, напиша Јаков, кој упати и благодарност до сите хумани родители, ученици и повеќе компании од градот кои со свој прилог ја помогнале оваа донација.

И во петтата деценија од животот изгледа прекрасно и заводливо: Елена Велевска измами стотици воздишки со најновите фотографии

Фолк-поп дивата Елена Велевска објави фотографии на кои таа заводливо позира на спална.

Иако е веќе во петтата деценија од животот, Велевска зрачи со позитивна енергија и убавина.

На фотографиите за кратко време коментираа голем број фанови, кои ја пофалија пејачката за прекрасниот изглед.