AТРАКТИВНАТА РАДМИЛА МАНОЈЛОВИЧ ДЕЛ ОД ПИВОФЕСТ 2016

Rada-Manojlović

Овогодинешното издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, Пивофест 2016, ќе биде можеби едно од најдобрите.

Досегашната позната програма ветува забава за сите генерации  и е по сечиј вкус.

Балканските ѕвезди Аца Лукас и Хари Мата Хари, нашето македонско девојче Каролина Гочева, Куку Леле, а денес откриваме и дека атрактивната Радмила Манојлович ќе биде дел од Пивофест 2016.

Пејачката својот настап го потврди и на својата фејсбук фан страна, каде објави дека ќе настапи на 16.07 (третата вечер), заедно со Аца Лукас.

Општина Прилеп сеуште го нема откриено главното име, главната ѕвезда, која ќе настапи на фестивалот.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.