Џек Спероу и екипата се враќаат во филмот ” Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales”

Џони Деп се враќа во улогата на култниот Џек Спероу во петтиот дел од “Пиратите од Карибите”. Новото видео дава увид на авантурите кои ги очекуваат Џек Спероу и екипата во филмот “Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales”. 

first-look-at-johnny-depp-in-pirates-of-the-caribb_shtr
Филмот е познат и под името “Одмаздата на Салазар”. Хавиер Бардем го игра Салазар кој сака да ги израмни сметките со Џек Спероу. Во улогата на бресмртниот капетан Вил Тарнер се враќа Орландо Блум, а Џефри Раш ќе го глуми супарникот на Џек, Хектор Барбоса.

 

 Сценариото за филмот го напишал Џеф Натансон, а продуценти се Мајк Стенсон, Чад Оман, Џо Карачиоло, Бригам Тејлор и Тери Розио. Премиерата е закажана за 26 мај.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.