Учениците од СОУ “Ѓорче Петров” во посета на фабриката “Фито Фарм”

15423628_10210979679629675_781178537_n

На ден 07.12.2016год. учениците од СОУ„Ѓорче Петров“ – Прилеп од профилот фармацевтско лабораториски техничар со професорите Наташа Најдоска, Венера Николова Мишачковска и Митко Талески практичната настава ја изведоја во галенската лабораторија „Фито Фарм“.

15555631_10210979676549598_195216613_n

“Денот наменет за практилна настава учениците го поминаа во фабриката „Фито Фарм“ каде активно учествуваа во изработката на галенските препарати. Голема благодарност до вработените од „Фито Фарм“ за нивното пречекување и ангажираност околу учениците подобро да се запознаат со галенската лабораторија” – додадоа професорите од СОУ„Ѓорче Петров“ – Прилеп.

15556022_10210979678829655_401575783_n




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.