Спектакуларно финале на Австралиан Опен: Серена сепак не и “попушти” на Венус иако многумина тоа го очекуваа

Серена беше подобра во два сета.

serena-2-620x350

Серена Вилијамс е победник на Австралија Опен за 2017 година! Втората тенисерка на светот ја совлада својата постара сестра Венус со резултат 2:0 (во сетови 6:4, 6:4).

Мечот траеше нешто помалце од еден час и триесет минути, а Серена ја освои својата седма титула во Мелбурн и стигна до својот 23 гред слем.

Наспроти неа, Венус по втор пат изгуби во финалето на Австралија Опен, последен пат за трофеот се бореше во финалето 2003 година.

2

3

Токму поради тоа дека Венус го нема освоено Австралијан Опен го подигна сомнежот дека Серена ќе и “попушти” во финалето, но тоа не се случи. Пред се’ бидејќи помладата од сестрите Вилијамс имаше поголема причина. Испиша историја и ја престигна славната Штефи Граф.

 

4




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.