Соопштение на ФК Победа по неаргументираните прозивки на Мирсад Јонуз

16830518_10212198606424340_324112637_n

-Почитуван г.Јонуз, со оваа ваша констатација ни го девалвирате целиот наш труд, трудот на управата, трудот на спонзорите и трудот на играчите.

Со ваква изјава не демотивирате и правите евентуално нашиот успех или неуспех да не е лично наш. Со ова сега ќе имаме оправдување и во случај да испаднеме, ќе велиме дека некој друг е виновен за тоа. Со оваа изјава ги девалвирате и успесите на сите оние кои освоиле титули во изминатите македонски шампионати, а и вие сте во нив, нели?

Зарем во првенствата во кои вие дигавте пехари, знаевте како ќе завршат натпреварите и пред да започнат?

ФК Победа ќе се бори до последно коло да ја оствари својата зацртана цел и се надевам дека никој нема да ни одмага во тој поход, а помош барам само од играчите и Стручниот штаб. Тие ќе бидат јунаци на крајот и никој друг!

Вие сакате да бидете претседател на ФФМ. Доколку успеете во таа намера, дали ние клубовите во Македонија, ќе знаеме на кое место ќе завршиме уште во септември?

Со почит,

м-р Гоце Ингилизов

Претседател на ФК Победа Прилеп




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.