ПРОДОЛЖУВААТ ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО СПОРТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА во Битола: Се асфалтираат нови училишни терени (ФОТО)

Продолжува реализацијата на проектите за подобрување на спортската инфраструктура во битолските училишта. Во тек е асфалтирањето на спортските терени во објектот на ОУ „Гоце Делчев“, познато во јавноста како Турско училиште, каде ќе бидат изградени современи терени за учениците.

Увид во градежните активности изврши градоначалникот Тони Коњановски, заедно со одговорните за реализацијата на проектот. Предвидена е изградба на два спортски терени – едниот наменет за ракомет и мал фудбал, а вториот за кошарка.

Под асфалтна површина ќе бидат опфатени 837 квадратни метри, по што ќе биде поставена современа тартан подлога. Проектот вклучува и уредување на зелени површини, поставување бехатон плочки, спортски реквизити, ново осветлување и урбана опрема.

За реализацијата на проектот се обезбедени 7.497.068 денари преку вториот владин повик, со средства од Министерството за образование и наука.

default

Во изминатите денови беа асфалтирани спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“ и ОУ „Даме Груев“, а следни за реализација се терените во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“.

Со овие инвестиции, локалната самоуправа продолжува да вложува во подобрување на условите за спорт, рекреација и квалитетно образование, создавајќи современи простори каде учениците ќе можат активно да спортуваат и да ги развиваат своите способности.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.