ПРИЛЕП ПОДГОТВИ СЕ: FLY PROJECT ВЕЧЕРВА ЌЕ ГО “ЗАПАЛАТ” ГРАДОТ

47

Светски попиларните “Fly Project” се главното име за првата фестивалска вечер на “Пиво Фест 2016”.

Се чувствуваат пријатно и исполнето што за прв пат ќе настапуваат пред македонска публика воопшто и ветуваат дека ќе ја приредат најголемата забава што Македонија ја памети воопшто.

Велат дека за нив не е проблем пред колкава публика настапуваат, колку повеќе толку подобро, дури и еден милион луѓе не би ги исплашил за да приредат добра журка.

На денешната пресконференција истакнаа дека заедно работат 11 години и никогаш не вкусиле толку добра кујна како македонската.

Прилепчани и посетителите на “Пиво Фест” вечер ќе уживаат во мегапопуларните хитови: “Тоca Toca”, “Musica”, “Goodbye”, “Raisa”, “Like a Star” и многу други.

Fly Project настапуваат 20 минути по полноќ. Прилеп ќе грми и ќе ужива во прекрасни звуци.

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.