ПРИЛЕП КРИЕ ЕДЕН КУП НЕИСТРАЖЕНИ БОГАТСТВА: Во прилепско постои највисоката античка тврдина, а тоа не се Марковите Кули

На врвот „Коњарник“ на Дренска Планина, западно од селото Коре, а источно од селото Прилепец, Прилепско се среќаваат остатоци од дебели и цврсти ѕидови кои, според нивните димензии, упатуваат на уште едно силно утврду­ва­ње од древните времиња на овој простор – пишува порталот “ПЕЛАГОН”.

Врвот се наоѓа на 1538 m над морето, североисточно од манастирот „Св. Никола“, кај Прилепец, а на околу 0,5 km југо­источно од тврдината на „Марков Ѕид“, која се наоѓа во понискиот дел на истата планина, во исклучителен амбиент од високо исправени карпи, познати како „Стоговите“.

Тврдината на „Коњарник“ била расположена на поголема површина, на, најмалку, две највисоки тумби со рамни површини на горниот дел, кои биле заштитени со дебел и цврст ѕид. Тие се наоѓаат по должината на планината, раздвоени межусобно со природно седло, а на растојание една од друга од околу 100 м.

Според она што може да се забележи на теренот, се чини дека целиот простор – горните површини на тумбите, седлото меѓу нив, како и некои земни тераси на нивните падини, биле дел од интересно утврдување, кое располагало и со други содржини во внатрешниот простор, како и во продолжение на планината во правец на север.

 

Првиот дел од утврдувањето се наоѓа на јужниот дел на “Коњарник“ и претставува исклучително доминантен врв, со вдлабната дел меѓу карпите, кои заобиколуваат површина од неколку стотици m2.

На зарамнетите површини меѓу карпите и пространите падини, од северната стра­на на врвот се наоѓаат значителни остатоци од едно цврсто обѕидие, кое заштитувало еден простор меѓу карпите на врвот. Освен заштитниот ѕид, јасно се забележува и една од кулите, кои биле изградени од источната страна на овој дел од тврдината.

Ѕидот бил навистина цврст, граден со камен и малтер, со дебелина и до 1,8 m. Поголемиот дел на јужната тумба е заграден со стрмни карпи од западната и јужната страна, а вистинки отворен е делот од северната страна, односно страната која гравитира во правецот на втората тумба, која исто така, била дел од тврдината.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО НА “ПЕЛАГОН.МК”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.