Прес24: Уапсен познат функционер на СДСМ – среде скопски Центар вперил пиштол во полицаец (ФОТО)

Познат активист на СДСМ со пиштол му се заканувал на полицаец. Околу 14 часот и 20 минути на ул. „Наум Наумовски-Борче“, пред кафулето „Круг“, одејќи кон работа, полициски службеник бил пресретнат од џип БМВ X5 сребрена боја, со скопски таблички управуван од лицето Бобан Г. (1978). Како совозач бил Дејан Тодоровски викан „Гзе“ (1975), пишува порталот Пресс24.

pistol

Според информациите кои ги објавува Пресс24, во тој момент, Гзе вперил пиштол кон полицискиот службеник и му се заканувал по живот, го пцуел и навредувал по што си заминале.

-По примената дојава од полицискиот службеник, пред кафулето „Круг“ пристигнал Алфа тим и во самото кафуле го затекнале Боби со кожна ташна преку рамо во која при прегледот е пронајден пиштол непозната марка, црна боја, метален, со пластична рамка без куршуми и без дозвола и одобрение. Истиот има одлежано казна затвор за убиство во обид над лицето Дејан Пановски викан „Десо дебелиот“, кој по нападот беше во кома 2 месеци, пишува порталот.

kola1

За кратко време е пронајден и познатиот активист на СДСМ Гзе, вработен во општина Центар во паркинг службата кај Сашо Богдановиќ. Откако биле препознаени од полицаецот, двете лица од страна на Алфите се приведени во полициска станица Центар, поради недозволено носење и поседување на огнено оружје согласно член 80 од законот за оружје и поради упатување на сериозна закана кон полицискиот службеник кој одел на работа.

Инаку Дејан Тодоровски Гзе стана познат во јавноста како човекот кој од сметките на општина Центар плаќаше огромни сметки по скопските кафеани. Граѓаните паметат дека еден негов ручек жителите на Општина Центар ги чинеше неколку десетици илјади денари, стои во текстот на Пресс24.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.