Погледнете какво време не очекува утре

oblacno500hgfghfghfgh

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево. Во јужните подрачја претпладне ќе има мала до умерена облачност, а преку денот ќе биде претежно сончево со слаб ветер. На повисоките места и на планините ќе дува умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од четири до девет степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, особено во четврток кога ќе биде најтопло, а утринската температура ќе биде релативно ниска. Од петок и за време на викендот ќе има услови за појава на магла по котлините и по речните долини.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.