Општински натпревар по физика во ООУ “Добре Јованоски”- Прилеп

16831420_10210143800205911_403774966_n

Денеска во ООУ “Добре Јованоски” – Прилеп се одржа општински натпревар по физика.

На натпреварот беа пријавени 51 ученик, и тоа 34 од осмо оделение, 17 од девето оделение. Натпреварот се состоеше во решавање на пет нумерички задачи од кои секоја носеше по 20 бода. Времето на решавање беше 120 минути.

16830332_10210143829406641_798995673_n

Комисијата составена од менторите на самите ученици, после завршување на натпреварот ги прегледаа решенијата на задачите и бодовните резултати за секоја задача и вкупно ги испратија до државната комисија за организирање на натпревари по физика.

16831526_10210143801725949_248090537_n

Комисијата пак треба да ги објави конечните бодовни листи за секој ученик, како и листата со пласирани ученици на регионален натпревар. Училиштето домаќин на сите учесници и нивните ментори им подари по еден скромен подарок, со кој ќе се сеќаваат на овој општински натпревар и воедно на сите учесници им посакува што подобри резултати во понатамошните натпревари на регионален и републички натпревар.

16837994_10210143800645922_192370056_n




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.