Нова зелена површина блеснува во Точила 2

6

Летово треба да заврши изградбата на вториот парк во комплексот згради во населбата Точила 2. Се поставуват ивичњаци, на местата каде е потребно, се изведуваат нови бекатот патеки, се поставува урбана опрем, а според проектот се изведуваат и детски игралишта. Паркот е на површина од 20 илјади метри квадратни, каде за потребите е ископан бунар и спроведена инасталација за технолошка вода. Грѓаните кои живеат во оваа населба се презадоволни од изведбата и можностите кои се направени пред нивните влезови и балкони.


Паркот во Точила 1 беше изграден во 2014 година на површина од 23 илјади метри квадратни и со вкупна инвестиција од 12 милиони денари.
Паралелно, ЈКП „Комуналец“ работи и на изведба на парковска површина во комплексот згради „Бончејца“ и на изведба на маалски парк во населеното место Лагово.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.