Дали роботите се попаметни од луѓето?

1871923882589f2070259c0323891883_wide-640x555

Роботот со име Внгзаи, ги победи луѓето кои му беа противници во популарниот квиз на знаење во Кина.

Роботот е дело на кинеската компанија “Sogou”, а вниманието на јавноста оваа интелегентна машина го привлече со учествувањето во квизот на знаење “Yizhan Daodi”, кинеска верзија на популарниот американски квиз “Who’s Still Standing”.

Станува збор за робот со вештачка интелегенција кој располага со богата база на информации и способност да ги имитира луѓето, што му било доволно да победи на квизот на кој учествувале високообразовани луѓе, меѓу кои бил и еден човек од Харвард.

Публиката уживала во квизот во кој роботот одговарал во истата секунда на прашањата.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.