Годроста на Радовиш, грандиозната црква Св. Троица, храм каде уметничкото и духовното се едно

Една од најбогатите, најукрасените и најафтентичните цркви на Балканот, се наоѓа во Радовиш. Црквата “Св. Троица” е соборна црква во Радовиш, и претставува едно грандиозно дело, едно вистинско неверување за очи, кога ќе се погледне на прв поглед, затоа што во оваа црква е вградено толку голема љубов и внимание, што ја прави една прекрасна комбинација на духовното и уметничкото.


Започната со градба во 1997 год., а осветена во 2003 год., црквата Св. Троица собира 600 верници и ги има речиси сите карактеристики на македонските цркви, но и такви кои потекнуваат од црквите во Грција, Украина и Русија.
Ктитор е Ристо Гуштеров, а фрескоживописот е дело на светски познати мајстори од Украина.
Она што особено остава без здив е иконописот на црквата, изработен од 24 каратно злато, но она што треба да се забележи е и присуството на антички белези во внатрешноста, односно ликовите на Александар и Филип Македонски, како и ѕвездата од Кутлеш.
Мноштвото мозаици пленуваат со својата убавина како во ентериерот, така и во екстериерот.


Она што исто така е интересно за оваа црква, е тоа што почетните фрески биле избришани, за потоа да бидат одново насликани.
Храмот во Радовиш е вистинско свето здание кое вреди да се посети, да се почувствува одблиску, да се види целата така духовна раскош.


Единственото нешто кое би го понеле со себе после едно вакво одушевување е мирот, спокојот во душата, љубов кон Бог и радост на лицето.
Нема ништо поубаво кога луѓето на ваков начин, со ваков храм, му возвраќаат на Бога и го молат за неговата наклонетост, за здравје и спасение.

DSC_0438
Македонија е вистинска лулка на христијанството.

Подготви : Александар Георгиоски

ФОТО – Даниел Бошкоски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.