(Видео) Мистериозен канал откриен на Антарктикот: Експертите имаат своја теорија

Научниците на Антарктикот останаа збунети откако НАСА сними чуден “канал” во мразот.

“Замрзнатата пустина” служи како научно истражувалиште на повеќе од 1.000 научници во текот на годината, кои ги следат климатските промени и ја проучуваат истоиријата на Земјата. Пејсажот на Антарктикот им дава пристап на недопрениот дел од светот, каде можат да ги спроведуваат своите истражувања и покрај тоа што температурата паѓа до минус 90 степени.

Mеѓутоа, “Science Channel” во својата серија “Што на Земјата?” откри една чудна фотографија – на која е прикажано длабнатина во мразот како да има слетано некој објект.

Авијацискиот новинар Џо Папалардо тврдо: “Мене ми изгледа како нешто да има слетано. Можеби нешто се cpyшило. Кога размислувате за нешто што се случува на тој дел од светот, во главата го имате најлошото сценарио”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.