(ВИДЕО+ФОТО ГАЛЕРИЈА) “Како се уништува град за 100 дена и кои се лагите во кои некои поверуваа?!”

Прилеп и прилепчани денеска одбројуваат 100 дена од промената на локалната власт и доаѓањето на новиот градоначалник Илија Јованоски од СДСМ на функцијата. По само 100 дена прилепчани бараат да се пробудат од лошиот сон за нов живот и посакуваат овој кошмар да заврши.

Ќе се вратиме на почетокот … Што ги одбележа првите 100 дена од мандатот на новиот градоначалник?!

62-годишниот Јованоски се впушти во една предизборна кампања со голем број мегаломански ветувања, кои беа главната причина поради кои тој ја доби довербата кај неговите сограѓани.

15 октомври тој победи на изборите во првиот круг и ја презеде функцијата прв човек на градот од Марјан Ристески, кој беше и негов противкандидат за локалните избори.

Разбирливо првите 2-3 недели поминаа во славење со партиското членство, со калкулации за нови директори, кој каде да седне и кој поудобна фотеља да зафати.

Веќе од ноември прилепчани очекуваа засукување на ракавите од новите локални власти и впуштање во работа кон оставарување на се’ што им беше ветено.

Наместо тоа, новата локална власт најпрвин експресно постави нови директори на јавните претпријатија, училиштата и се впушти кон пресметување со политичките противници од спротивниот табор.

Наредно раката на новите локални власти брцна и во спортот. Ракометниот клуб “Прилеп” прогласи “капитулација”, но не поради тоа што клубот имаше недостаток на квалитет, туку му беше скратена главната финансиска поддршка која до тогаш ја добиваше од општината. Поголем дел од играчите си зедоа исписници, а судбината на клубот е неизвесна. РК Прилеп од клуб кој пред 2 години обезбеди европски ракомет во Прилеп, сега е пред згаснување.

СКАНДАЛ: “Згасна животот за ракометот во Прилеп!?”

Поплаки пристигнаа и од Фудбалскиот клуб Победа, каде притисоците беа насочени кон раководството на клубот, а касата и на овој клуб остана без општинската главна поддршка.

ФК Победа побара Јованоски да го почитува ветеното?!

Следуваше подготовката на простор за вработување на партиски кадар. Повеќе од 250 луѓе вработени во време на претходната локална власт останаа без работа, а нивните места се пополнуваат со партиски кадар на СДСМ.

Општината тргна да се пресметува и со неистомислениците од медиумската фела. За прв пат до сега, работењето и активностите на општината можат да го следат само медиуми на кои општината ќе му издаде легитимација, нешто што не било случај во изминатите 12 години. И погодете, критички настроените медиуми не го уживаат тоа право.

МЕГАСКАНДАЛ: Општина Прилеп го “УБИВА” новинарството-реакција од ТВ “Канал Визија”?!”

Следуваше празнувањето на Новогодишните и Божиќните празници. Дочекот на Нова година кој секогаш собираше по неколку илјади граѓани на градскиот плоштад, оваа година беше катастрофален, а градоначалникот се внесе на “Џаволу би душу дао за њега”

Кога пред Бадник, коледарчињата му тропнаа на врата, градоначалникот ги “избрка” со објаснување дека не е Дедо мраз, а потоа од кога пукна тиквата и го разбраа во цела јавност и по сите медиуми, и со уште победно објаснување дека традицијата треба да се унапредува, а не да се примитивизира.

(Погледнете повеќе на ЛИНКОВИТЕ во продолжение)

Градскиот татко на Прилеп одби да ги прими бадникарите – не бил Дедо Мраз и бил неработен ден!?

“Се самопокани за домаќин на “Св. Никола” , па по 3 недели се секуларизира?!Што прави човеков??!”

Пукна брука и со поставувањето на нови директори и вработувањето на нов кадар на упразнетите места, но и вработување на административци на функција на која работат веќе други претходно вработени.

До нас пристигнаа два дописи во кои се пишуваше за незаконското поставување на директор во градинките “Наша иднина”, како и за новите вработени во општинската зграда.

“Еве како градоначалникот назначува директори противзаконски, а му поверуваа на ветувањата за професионализација?!”

“ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ ИЛИ НЕПОТИЗАМ И ВРАБОТУВАЊЕ НА ПАРТИСКИ КАДРИ, ЕВЕ ШТО СЕ ВРАБОТУВА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ?!”

Следуваше празнувањето на големиот христијански празник Богојавление Водици, уште еден празник со длабока традиција во Прилеп и ден кој собира стотици верници на едно место.

За жал, оваа година локалната самоуправа и градоначалникот обезбедија само озвучување и мал коктел, а градоначалникот немал време ниту да ги додели Благодарниците на учесниците. Откако се фотографираше веднаш ја “спрашти”, а фрлачите по Светиот крст сами си го барале своето име на Благодарниците.

Ако ова погоре е за постапките, сега збор два, три, сто…. за неработењето.

Како штоспоменавме погоре, големите ветувања пред граѓаните беа главната причина поради која Јованоски сега си го тера својот четиригодишен мандат.

Еве накратко што содржеа тие ветувања, па вие самите поврзете го постапувањето со неработењето.

Се звучи толку убаво, но од засукување на ракави и започнување со работа досега нема ниткаков абер.

А, неработењето го зема и својот данок. Градот полека го губи сјајот на најчист и најуреден во државата, па последиците се видливи насекаде.

Единствено што реализира досега Јованоски и новата локална власт е така наречениот “граѓански парламент” за кој и не се потребни некои средства, туку ангажирана секретарка која ќе заврти стотина броеви и ќе ја наполне општинската сала, како и новата веб страна на општината, каде се избришани сите претходно реализирани проекти на претходниот градоначалник Ристески.

Кога е олку лесно и едноставно да се биде градоначалник на општина која брои околу 81.000 жители, секој би посакал да стане еден.

Вака отприлика досега се одвива лошата приказна наречена СДСМ во Прилеп, од која за жал остануваат уште 3 години и 9 месеци до наредни локални избори.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.