“ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ ИЛИ НЕПОТИЗАМ И ВРАБОТУВАЊЕ НА ПАРТИСКИ КАДРИ, ЕВЕ ШТО СЕ ВРАБОТУВА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ?!”

Денеска до нашата редакција пристигна анонимен допис во кој се пишува за новите вработувања во општинската администрација на општина Прилеп, како и за сомнеж во изборот на директор во градинките. Иако ветувањата на новиот градоначалник Илија Јованоски од СДСМ во предизборието беа дека вработувањата ќе се вршат исклучиво според професионалност и кадарност, во дописот во продолжение се пишува нешто сосема спротивно.

,,Она што во иднина треба да го работи општинската администрација, онолку- колку што мислам дека ќе има потреба од вработени, ќе ангажираме толкав број на квалитетни и стручни кадри. Ни случајно нема да биде како досега, вработените да ги држиме на стенд бај само за да служат како гласачка машинерија. Вработувањата ќе бидат на неопределено време, на јавен оглас каде ќе можат сите да конкурираат и ќе бидат избрани најдобрите.,, –

Ова го кажа градоначалникот пред само неполни две недели, во врска со обвинувањата, кога не им ги продолжи договорите на вработените во локалната самоуправа чии договори траеа до 31.12.2017 година, и со тоа ги остави без работа.

“Сакаме да напоменеме дека најголемиот дел од тие вработени работеа за потребите на постапките на легализација на дивоизградените објекти, кој процес во општина Прилеп е ставен како во бетонирана состојба и моментално многу малку се решаваат предметите на граѓаните. Тоа значи дека општина Прилеп од лидер во издадени решенија за легализација на објектите станува општина која скоро и да не работи на таа проблематика и добивањето на имотен лист станува мисловна именка”, пишува во дописот.

Надолу се пишува за новите вработувања во општинската администрација и што се вработил новиот градоначалник.

“Но, што до сега има вработено градоначалникот во општината?

Секретарка, технички секретар, портир, возач, три лица во одделение за ЛЕР, консултант за јавни набавки, портпарол, лице за односи со јавноста и двајца пензионери вратени на договор?

Прекупотребни работни места или измислени работни места кои се дуплираат спротивно на општинската систематизација? И ниту еден вработен на испразнетите работни места за потребите на легализација е чист професионализам?

Општината веќе има секретар, одделение за јавни набавки, возачи тројца, портири – двајца, портпарол и лице за односи со јавноста, секретарка, што значи дека сите овие работни места се дуплираат или тродуплираат и се повеќе од непотребни односно се вработени само за задоволување на партиските апетити?

Со која цел се вратени двајца пензионери да извршуваат договорни услуги? Сите овие лица се блиски кадри од редовите на партијата на градоначалникот во кои спаѓа и неговата внука и вработени договорно преку агенција за давање на услуги со што буџетот на оптшината се оптоварува целосно непотребно? Што е ова освен недомаќинско работење?”, се прашува во дописот.

“За волја на вистината сите овие кадри или најголемиот дел од нив земаат плата приближно на 500 евра што е единствено нешто што е предизборно ветено дека платите ќе се движат просечно на ниво на 500 евра, но најверојатно не за сите? Нивната плата е поголема од просечната плата на државен службеник со високо образование кој има работен стаж поголем од 20 години и е околку 400 евра?

Но, што е со непотизмот и кој е професионализамот кој го поседува неговата внука која штотуку е излезена од клупа и е вработена во општината експресно? Тоа го оставаме да проценат самите читатели колку невработувањето со договори без оглас е чист избор и колку вработувањето заради професионализмот е пракса на новиот градоначалник”, се прашува во дописот.

Деновиве според она што доаѓаше како дописи до нашата редакција, бевме сведоци и на незконското назначување на директори и други незаконски вработувања за кои иднината ќе потврди колку биле професионални и дали понатаму ќе сносат одговорности за своите постапки кога силата нема да им биде во раката?

Дека непотизмот и партицизмот во вработувањето е пракса на новиот градоначалник ќе потврдиме уште еднаш. Избрканите добиваат замена со партиски кадри и одбрани по роднински врски.

Денеска во нашата редакција пристигна и одлуката за вработување во градинките согласно незаконскиот оглас на незаконски избраната директорка. Потписот на известувањето на новиот ВД директор Орце Тодоровски е доказ дека претходната директорка не е вработена ниту пак била законски назначена што е кривично дело со кое ќе се занимава иднината? И повторно незаконска одлука за избор и незаконски доставено известување на која нема правна поука и право на жалба за изборот? Во изборот под ред број два кај воспитувачки повторно, според тоа што го дознаваме, се наоѓа уште една внука на градоначалникот и останати партиски војници? Токму ова почитувани родители кои реагиравте за непродолжувањето на договорите на претходните вработени и покрај вашата заложба да останат професионалците на работа од кои сите бевте задоволни е причината за нивното отпуштање од работа.

“Но, дали сето ова ќе заврши тука и уште колку од фамилијата на градоначалникот ќе биде потребно да се вработат пред да почне ЖИВОТОТ да ги посети сите граѓани на општината? До тогаш слободно ракоплескајте на доаѓањето на ЖИВОТОТ или едноставно станете близок роднина”, завршува дописот до нашата редакција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.