ФК Победа побара Јованоски да го почитува ветеното?!

Предизборните ветувања и партиските надмудрувања се нешто што ги карактеризира сите предизборни периоди.

Фото: www.sdsmprilep.org.mk

Актуелниот градоначалник на општина Прилеп Илија Јованоски не така одамна во јули месец 2016 година, тогаш во улога на координатор на советничката листа на СДСМ од Прилеп, бараше Советот да изгласа награда од 1 милион денари за фудбалерите на ФК Победа.

Она што тогаш активно на секоја седница го бараа од тогашното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општината, денес кога Јованоски е градоначалник, ветувањето замина во архивите. Но, за среќа прес-конференцијата која тогаш Јованоски ја држеше пред новинарите, по некоја случајност останала на веб страната на општинскиот огранок на СДСМ Прилеп.

Од фудбалскиот клуб “Победа” на својата фан страна на Фејсбук, прашаа дали Јованоски ја има истата мисла?

Еве за што тогаш Јованоски и советниците од СДСМ се залагаа:

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.