Роналдо се враќа на Олд Трафорд!

Напаѓачот на „Кралевите“ Кристијано Роналдо се враќа на Олд Трафорд.

ronaldo-runi

Светските медиуми пренесувајќи изјава на извор близок до фудбалерот пишуваат дека Роналдо се враќа на Олд Трафорд, но само како дел од натпреварот кој се организира во чест на Вејн Руни како благодарност за долгогодишната служба во клубот.

-Роналдо е зафатена личност, но нема шанси тој да пропушти нешто вакво. Ветуваат дека ќе биде натпревар со многу ѕвезди, но Роналдо ќе биде најголемата, вели изворот.

Руни ќе го одигра хуманитарниот натпревар со Јунајтед на 3-ти август 2016 година, а ривалот дополнително ќе биде соопштен. Се шпекулира дека тоа ќе биде Евертон, првиот клуб на Руни.

Капитенот на Јунајтед целиот приход од натпреварот ќе го упрати во детските болници во Манчестер. Тој воедно е воодшевен од идејата.

-Сакам да им се заблагодарам на сите кои учествуваа во креирањето и започнувањето на реализацијата на овој проект. Тој натпревар ќе биде посебен за мене и моето семејство, се надевам дека таа ноќ долго ќе ја паметиме, вели Руни


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.