Приказна со среќен крај: Ова е кучето Ангел од Прилеп, помина низ пекол, а сега одново е прекрасно суштество благодарение на две девојки (Фото)

На Фејсбук страната Помош на животните Прилеп – Prilep Animal help секојдневно се објавуваат повици за помош на напуштени животни, а најновата инспиративна приказна е за кучето Ангел, кого активистите за заштита на животните од Прилеп успеале да го вратат од “мpтвите”.

Приказната е трогателна и ќе допре до секого, а крајот е среќен.

-Здраво јас сум Ангел како што знаете. Бев весело и мирно куче но од нигне никаде добив чудна болест, јадев некоја неубава храна, но таква најдував по улиците. Го губев крзното се повеќе и повеќе и забележував дека кога луѓето ќе ме видеа чудно реагираа. Тоа ми беше знак дека треба да се кријам и јас тоа го правев но се повеќе немав влакна и започна кожата да ми пука и тече крв.

Ми требаше помош, но немав доверба во намерите на луѓето слушав гласови дека треба да ме убијат да не се “мачам” но јас сакав да живеам. Една вечер ме здогледаа две девојки започнаа да идат по мене но јас бегав. Започнаа да ми даваат некоја убава храна која никогаш не сум ја вкусил, сепак не верував и бегав.

Беше многу жешко и јас гладен се движев по улиците барајќи храна а најмногу вода, немаше никаде и малку фалеше да се онесвестам. Одеднаш ги видов истите девојки со истата храна која ми ја даваа, но веќе немав сили да бегам. Тие ме зедоа а јас сега сум како ново куче. Ме лечеа иако биле скапи лековите некои добри луѓе ми дадоа.

Јас сум денес среќен, сакам дури и да играм и имам само една желба да живеам во свет во кој секое куче како мене ќе ја има оваа шанса. Шанса за втор живот.

Јас и не сум крив што сум на улица и не сум единствен што дели ваква судбина. Помош е секогаш добредојдена барем за храна бидејќи не сум единствен и не сум само за еден ден – накратко го опишуваат целото патешествие на кучето Ангел на Фејсбук страната.

Девојките кои го спасиле Ангел за нас се непознати, па отворено ги повикуваме да споделат каква се’ помош им е потребна, за да апелираме до стопанствениците и хуманите граѓани.

Животните се невини суштества кои не по нивна вина се наоѓаат на улица и се изложени на милост и немилост, како од надворешните влијанија, така и од несовесните граѓани.

Бидете и вие херои, спасете и вдомете безодно куче или маче!

Сите кои сакате да помогнете на овие ентузијасти и вљубеници во животните, контактирајте ги активистите на Фејсбук страната Помош на животните Прилеп – Prilep Animal help





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.