Жители на населените места во прилепско и битолско секојдневно информираат за присуство на мечки, не само во планинските региони, туку и во атарот на селата низ Пелагонија.
Пред две недели жители на населеното место Заполжани во општина Долнени информираа дека забележале големи стапалки во атарот на нивното село.
Денеска такви фотографии испратија и од населеното место Врбјани во општина Кривогаштани. Жител на ова село вели дека забележал стапалки од мечка и нејзиното младенче, па препорачува мештаните од Врбјани и околните села да бидат внимателни.