Познатата македонска пејачка Анета Љумаковска се венча со својот колега, прилепчанецот Рубин Размо, а веста ја објави на социјалните мрежи.
На фотографијата на Фејсбук додаде и песна „Во добро и зло“ од Борис Новковиќ, по што доби голем број честитки.
Анета и Рубин пред неколку месеци јавно проговорија дека се во љубов. Оттогаш, пејачката од Битола често објавува слики од нивните чести заеднички патуања.
„Што се однесува до тоа дали сум повторно вљубена и дали имам некој во мојот живот, еве сега решив да се изјаснам и јавно да им ставам крај на шпекулациите – да, вљубена сум, но не повторно, туку за првпат во мојот живот“, изјави Анета за „Гламур магазин“.
Рубин е инаку поранешен член на групата „Молика“ и свири саксофон, а сега настапува со својата сакана.На Анета, ова ѝ е втор брак. Од првиот, таа ја има ќерката Моника.

























