Прилеп вчера беше центар на младоста, иновациите и визионерското образование. ЕКОНОМСКОТО училиште СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ истовремено пулсираше во знакот на два големи настани: традиционалниот Отворен ден и Меѓународниот средношколски форум на економски училишта „ЕкономиУМ“, единствен настан од ваков тип на ниво на Македонија.
Преку интерактивни активности и директни средби со професорите и учениците, идните средношколци се уверија дека економијата и правото не се само администрација, туку моќ за менување на светот.
Паралелно со отворениот ден, во рамките на Меѓународен средношколски форум на економски училишта „ЕкономиУМ“, училиштето беше домаќин на клучна панел дискусија на тема: „Инвестираме во човечки капитал: Учениците се нашата најголема валута!“. Говорниците на панелот од странство и државата ја потврдија заедничката визија – дека стручните, дигиталните и „меките“ вештини се најсилната валута на младите генерации во новото време.
Настанот беше поддржан од Општина Прилепи и градоначалникот, кој јасно ја истакна улогата на локалната самоуправа во поддршката на стручното образование.
„Како градоначалник, цврсто стојам зад ваквите иницијативи, затоа што вложувањето во образованието, креативноста и способностите на младите е најголемата и најзначајна инвестиција што можеме да ја направиме за иднината на нашата заедница. Нашиот град заслужува генерации млади луѓе кои ќе бидат подготвени да одговорат на предизвиците на новото време“, изјави Проданоски.
Економското училиште создава лидери, а не само администратори!
Економското училиште СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ уште еднаш покажа зошто важи за лидер во стручното образование. Преку балансиран развој на стручните знаења, дигиталната писменост потребна за глобалниот бизнис и меките вештини како лидерство и социјално претприемништво докажани преку меѓународните проекти на Erasmus+, училиштето создава подготвен и висококонкурентен човечки капитал.
Денешниот двоен успех и исклучителниот интерес кај идните средношколци ја испратија најсилната порака: Инвестицијата во знаењето на младите во Прилеп е инвестиција која никогаш не губи на вредност!


































