Најпознатиот фризер и стилист од Прилеп во хумана мисија: Иницијатива која треба да ја поддржи секој што може!

Прекрасна иницијатива се појави на социјалните мрежи во Прилеп. Иницијативата е насловена како “Заспав гладен”, а целта е да се донира храна и средства за хигиена за најранливите семејства во Прилеп.

Иницијативата е на познатиот фризер и стилист од Прилеп, Алек Палада, а целта е да се собере храна и средства за хигиена од секој оној кој што може да донира, односно прехрамбените компании, поголеми фирми, луѓе кои можат да купат продукти, или имаат вишок храна и да ја достават.

“Во текот на оваа недела оние кои што ќе донираат храна, ќе направиме пакети од сите намирници кои ги имаме и ќе им се достават лично од наша страна на семејствата кои ги имаме како податок од Центарот за социјална работа, како и на семејства кои во меѓувреме побараа помош од нас тука на нашата Фејсбук страна.

Целта е да им се помогне на семејствата кои во оваа ситуација на епидемија немаат никакви примања и немаат со што да се прехранат. Во моментов акцијата го зафаќа Прилеп како град и околината на Прилеп, а во меѓувреме почнуваме соработка со волонтери од Битола. Ќе се потрудиме како акција да ја спроведеме во цела Македонија. Уште еднаш ќе напоменам дека секој кој што сака да донира може да не контактира ТУКА на Фејсбук страната или на Фејсбук профилот од Aлек Палада. Посакајте ни среќа и придружете ни се да направиме да не заспијат гладни”, вели Алек за Маркукуле.

Во меѓувреме од иницијативата “Заспав гладен” објавија дека пристигна и првата донација од компаниајта “Витаминка”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.