Жалната слика за Марковите Кули низ очите на Британец: “Местово може да им биде конкуренција на Дубровник и Котор, но….” (ВИДЕО)

Уште еден доказ дека Прилеп има што да понуди на туристички план, но и покрај тоа ние многу заостануваме и никако да изнајдеме стратегија да ги пласираме културните и историските знаменитости, a со тоа да овозможиме економски бенефит на целиот град. Марковите Кули, големиот број свети места со историска вредност… се само дел од она што Прилеп може да им го понуди на странците. И покрај тоа што ниту државата, а ниту општината не вложува доволно напори да направи убава приказна и на вистински начин да ги промовира овие богатства, странците во денешно време патуваат, истражуваат, па повремено доаѓаат и во нашиот град.

На еден таков пример наидовме на јутјуб. Мет Витинг е Англичанец кој е на мисија да ја посети секоја земја во Европа, а пред неколку недели го посетил и Прилеп и направил репортажа од Марковите Кули. Со надеж дека ќе открие нешто величенствено, тој се упатува кон тврдините, но неговиот впечаток е следен:

“Се прашувам што ли ќе биде од ова место по 50 години од сега… бидејќи во моментот нема персонал, ништо не е обележано, нема ни предупредувачки знаци. Има само искршено стакло, нараснати грмушки и тврдина недопрена стотици години. Се прашувам во иднина дали ова место ќе биде како Дубровник или како Котор кои навистина оправдано се туристички развиени, сигурен сум дека ова место може да им биде сериозна компетиција. Пределот е навистина прекрасен и погледот кон планините го одзема здивот”, вели Мет во видеото.

Погледнете ја целата репортажа во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.