Руската државна корпорација Ростех го конструираше воздушното командно место на база на авионот Иљушин 80 кое до крајот на годината ќе му биде испорачано на руското Министерство за одбрана.
Станува збор за комплетно адаптирано летало за потребите на руската одбрана од кое ќе може од воздух да се командува со сите родови на руската војска.
Авионот е дополнително зајакнат за да биде отпорен на евентуални напади од воздух но истовремено е практично невидлив за противничките радари.
Леталото би се користело во случај на нуклеарна војна и ќе може преку него од воздух да се командува со војската но и да се активираат ракетните системи.