Остатоците од прастариот град Дварка во индиските води отвараат многу прашања на кои сеуште нема одговор. “Златниот град” кој е, според најновите истражувања, стар барем 10.000 години, имал развиена инфраструктура и уреден начин на живот.
Меѓу најголемата мистерија на современото време експертите го сместуваат потопениот град во Индија. Населбата од импровизирани градби се наоѓа на 36 метри под вода, а првите сериозни научни истражувања датираат од 1970 година. Од тогаш до денес се развиваат теории за тоа кој го изградил овој град и зошто сега се наоѓа под вода.