Вакво нешто ретко се гледа во Македонија: 11 погодоци во Битола и сите во голот на Тетекс

Фудбалерите на Пелистер попладнево на стадионот “Петар Милошески” во Битола, стигнаа до седмата победа во Втората лига и сега се на еден бод од четвртото место кое води во баражот за Прва лига.

Битолчани до врв ја наполнија мрежата на Тетекс постигнувајќи 11 гола.

Голеадата ја отвори Драгарски уште во 3-та минута од натпреварот, па погоди Маневски во 5-та, Мустафов во 9-та и Стефановски во 14-та минута.

Веќе во 22-та минута беше 5:0, кога прецизен одново беше Маневски, а истиот играч комплетираше хет-трик во 39-та минута за 6:0.

До крајот на првото полувреме стрелаше и Китановски, а голеадата продолжи и во вториот дел. Најпрво преку Наумовски во 57-та, па Фазлију во 65-та, а до крајот прецизни беа уште Трајковски и Здравевски.

Битолчани сега имаат 23 бода, а во наредното коло гостуваат кај Локомотива во Скопје.





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.