Мицкоски објави убава вест за Битола и регионот: Нова инвестициja и нови 2.000 работни места

Денес ќе соопштиме уште една голема и значајна вест за македонската економија – нова инвестиција на германската компанија „Кромберг и Шуберт“, нови 2.000 работни места и производство на делови за германскиот автомобилски гигант „Ауди“. Ова го напиша на социјалната мрежа Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

-Ова е важна вест за нашата економија, но уште поважна за граѓаните, бидејќи зад секое ново работно место стои нова можност, поголема сигурност за семејствата, нова надеж и подобар живот. Ова е нашата програма, ова се нашите цели и вака ја градиме иднината. Со работа, инвестиции и конкретни резултати. Додека ние отвораме нови работни места и создаваме можности, програмата на опозицијата, наместо со проекти и решенија, е исполнета со деструкција, лаги и политички опструкции, напиша Мицкоски.

Во постот Мицкоски додава дека разликата постои и секој ден станува сè повидлива.

– Ние продолжуваме да се бориме за секое работно место, за подобар живот и за нашата заедничка иднина!, вели тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.