Каратистика од Прилеп ќе ја претставува Македонија на Светско првенство во Полска

Катерина Јорданоски, членка на Карате клуб Бонсаи од Прилеп, ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во карате, кое ќе се одржи од 14 до 18 октомври во Бјелско-Бјала, Полска.

Јорданоски ќе настапи во јуниорска категорија до 48 килограми, каде ќе ги одмери силите со најдобрите каратистки од целиот свет.

За Катерина ова претставува голем успех и признание за нејзината посветеност, труд и напорната работа, како и за КК Бонсаи, кој со гордост ја поддржува на овој голем спортски настан.

Од Карате клуб Бонсаи ѝ посакуваат успешен настап, многу среќа и одличен резултат на Светското првенство!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.