Големо кошаркарско младинско дерби во сабота во Прилеп, потребна е огромна поддршка

По високата победа во воведното прво коло минатата недела во Гостивар, младинската екипа на Мега Баскет Прилеп, се подготвува за утрешното регионално дерби против Тиквеш.

Натпреварот се игра со почеток од 16:30 часот во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, а дечките заслужуваат огромна поддршка на трибините.

Организирајте го друштвото и ајде на кошарка, да ги бодриме младите прилепски надежи и да уживаме заедно во нивните кошаркарски мајстории.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.