Додека светот гледа на друга страна, две европски земји се на работ на војна

Односите меѓу Грција и Турција се враќаат на ниво на Отоманската империја. Тнезијата е на ивица до избувнување на војна, оценува весникот The Christian Science Monitor.

Додека сите погледи се вперени кон Иран и Северна Кореја, соседите полека се „лизнаа“ во опасно подрачје во кое и најмало погрешно толкување може двете земји да ги однесе во сериозен конфликт, кој не исклучува ниту вооружен напад, оценува весникот.

Тензиите меѓу Грција и Турција константно раста во областа на Егејското море,, а додатно се зголемени откако Турција одбила да пушти двајца грчки стражари заробени кај границата, поради упад на турската територија. Грција тврди дека војниците се изгубиле поради силното невреме и дека сосема случајно влегле на територијата на Турција, додека Турција смета дека станува збор за шпиуни.

Исто такапричина за напнатост се и константните воени вежби и на копно и на море, како и најавата дека Грција на границата со Турција ќе испрати уште 7.000 војници.

Грчкиот министер за надворешни работи веќе ја предупреди Турција дека се приближува кон црвената линија.

Аналитичарите на The Christian Science Monitor оценуваат дека целокупниот однос на Турција и Грција станал толку напнат што и најмало недоразбирање, погрешна проценка или потег може да доведат да вооружен напад. Тие како можно сценарио поставиле дека лесно може да се случи на пример грчки авион да собори турски кој му се приближува, што директно ќе доведе до вооружен напад.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.